„Исцелител“ на Ѓорче Ставрески добитник на награда за најдобар филм во САД

Добивај вести на Viber

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар филм на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија во САД.  Филмот се натпреваруваше во интернационалната селекција заедно со уште 11 филмови меѓу кои и: номинираниот за Златна палма на Кан минатата година, францускиот филм „Двоен љубовник“, добитникот на специјална награда на венецискиот филмски фестивал, францускиот „Редот на нештата“ и номинираниот за најдобар филм на Карлови Вари, косовскиот „Непожелен“.