,

(ФОТО) Важни правила на облекување кои сите вистински дами и господа мора да ги знаат

Добивај вести на Viber

„Облечи се старомодно и луѓето ќе го забележат фустанот, облечи се беспрекорно и луѓето ќе ја запамтат жената“-рекла Коко Шанел. Тешко е да не се сложиме со неа, бидејќи облеката е многу важен дел од нашата целокупна слика. Секоја грешка може да биде забележана -посебно кога со некој се среќавате прв пат. Ние подготвивме неколку најосновни правила до кои треба да се придржувате ако сакате секогаш да изгледате беспрекорно. -Кога носите кошула, откопчајте не повеќе од 2 копчиња
 
-Носете обетки кои се сложуваат со нараквицата и огрлица која се сложува со прстенот. Премногу е да се носат 3 или 4 детали -Врвот на врската треба да достигне до вашиот струк или малку пониско -Одлучете се за мини сукња или деколте. Двете не одат заедно   -Ако носите кошула без сако, не ви треба врска -Деколтето на деловна гардероба не смее да биде пониско од 10 цм од клучната коска -Ако решивте кошулата да ја носите одвнатре, ставете каиш -Не носете премногу дезен. Можете да носите два различни дезени во иста боја или 2 исти принтови во различна големина -Чорапите треба да бидат доволно долги за да не ви се гледа гола нога додека седите -Деловна блуза без ракави мора да ги прекрива рамениците. Тенки прерамки не се препорачливи во свечени пригоди