Поранешната спајсица Викторија Бекам изгради импресивно модно царство, а за многу девојки и жени денес таа е голема модна инспирација.
По неколку месеци шпекулации Бекам бројните обожаватели ги воодушеви со неодамнешната потврда за повторното собирање на групата Спајс Грлс со која стекна светска слава.
Успешната дизајнерка и модна икона деновиве престојуваше во Њујорк, а фотографите ги почести со појава во изданието создадено од нејзините омилени модни парчиња на кои им е верна со години.
Едно од нив е кадифената сукња која Викторија обожава да ја носи. Црниот модел на макси крој го комбинирала со смеѓо плетиво со висока јака, а кога се работи за модни додатоци, и овој пат главниот збор го имаа наочарите за сонце со рамни рамки кои со тек на време станаа нејзин заштитен знак.
Нека оваа дама со стил ви биде инспирација.