Култура // Настани
(ФОТО) ГО ПОГРЕБАА ГЛОГОВАЦ: Неговиот татко и син му ја предводеа поворката
Погребот на актерот Небојша Глоговац во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград започна денеска со опело во 14 часот.
Вечната куќа на актерот ќе биде крај Милорад Мандиќ Манда, а во истиот ред каде што се наоѓаат и гробовите на Драган Николиќ и Велимир Бата Живоиновиќ.
Таткото на Небојша Глоговац, свештеникот Милован Глоговац, служи опело, додека актеровиот помлад син го носи крстот.
Меѓу првите на гробиштата стигнаа Емир Кустурица и Слобода Мичаловиќ, пејачот Сергеј Четковиќ, Александар Среќковиќ Кубура, Вукашин Марковиќ, Никола Којо, Драган Бјелогрлиќ, Ивица Дачиќ, Милан Васиќ и многу други.
Просторот беше премал да ги прими сите кои сакаа да одадат последна почит на големиот српски актер.