Познати модни блогерки и улични стил ѕвезди први ги промовираат најновите трендови, па така во текот на Неделата на мода во скандинавските земји е претставена нова „хит“ чанта за пролетната сезона.
На улиците на модните метрополи, оваа чанта често ја гледаме како дел од модерниот изглед на тренди дами. Се работи за чанта од брендот Boyy, наречена Deon. Чантата со мазна текстура е достапна во различни бои и големини. Претставена е во кружни и квадратни облици, со можност за носење околу половина или со кратка рачка.
Идеално се комбинира со фармерки, облека во широк спектар на пастелни бои, но со мешавина на различни отпечатоци и текстури.Погледнете како изгледа чантата која ги освои модерните дами и која оваа пролет ќе ја гледаме често.
Дали ви се допаѓа?