,

(ФОТО) Заборавете на тесните и искинати фармерки: Жените се презадоволни, а ова е хитот за есента!

Добивај вести на Viber

На искинатите фармерки со низок струк, изгледа им дојде крајот. Овој стил се носеше и во 90-тите во нешто подобра изведба,  а минатите неколку сезони можевме  и  да се запрашаме дали ова култно парче облека од овој стил, стана вулгарно. https://www.instagram.com/p/BQVUs0fDMZQ/ Пренискиот струк, кој реално им стои само на манекените и девојки кои немаат проблем со вишокот на килограми, стана мака за многу дами во обидот да пронајдат модел и величина за себе. https://www.instagram.com/p/BR_P5zcDXB1/ Непријатно се тесни, го сечат стомакот на незгодно место, па крајно време  беше овој тренд да заврши. Минатата година во продажба се појавија фармерките со висок струк, потоа спуштени и широки познати како „ boyfriend jeans “. Оваа есен најголем хит меѓу фармерките ќе бидат оние со рамен крој и длабок струк. Стојат подобро, поудобни се и покажуваат елеганција, посебно кога се носат со потпетици. https://www.instagram.com/p/BKBOfyRjQI0/ Еве неколку модели кои конечно по дваесет години ќе стават точка на skinny jeans и искинатите фармерки. Барем така се надеваат модните експерти.