Трендови,
Трендови
(ФОТО) Меланија не престанува да докажува дека е дама со стил, ама ова со косава што го направи …
Најомилената членка на семејството Трамп и неприкосновена икона со стил, Меланија неодамна ги угости американските воени ветерани во Источната соба на Белата куќа по повод прославата на месецот на афро-американската историја.
Првата дама на Америка, гостите во претседателската резиденција ги дочека како и по обичај, беспрекорно, облечена во црн комплет од глава до пети.
Едноставниот модел со широки ногавици и каиш на половината, совршено и стоеше на згодната Словенка, а деталите во вид на марама која паѓаше низ рамениците на Меланија, и даде модерна нота на оваа класична модна комбинација.
https://www.instagram.com/p/BfKY9z0FPPC/?utm_source=ig_embed
Изборот на чевли, како и секогаш падна на шпиц салонки со висока пета, а многумина ја искоментираа и нејзината боја на коса.
https://www.instagram.com/p/BfKYVurFpL4/?utm_source=ig_embed
Изгледа дека првата дама некое време се откажала од таканречените „сонце во косата“ прамени и се одлучила за нешто потемна нијанса...
Како ви се допаѓа новата боја на коса?