,

(ФОТО) Новогодишна бајка на „Улица на радоста“

Добивај вести на Viber

Вчерашниот ден на „Улица на радоста“ помина во вистинско празнично расположение. Насмеани лица, среќни дечиња, топло чајче и многу забава го направија првиот ден на Плоштад Македонија вистинска новогодишна бајка. На плоштадот покрај базарот, на кој можат да се најдат рачно изработени предмети, топли напитоци, вкусна храна и разни подароци, посетителите можеа да уживаат и во претставата „Дедо Мраз во пензија“ каде Дедо Мраз придружуван од Белата  и Темната  кралица, ангелите и џуџињата приредија одлична детска претстава за најмалите.   Веднаш по претставата на актеритѕе им се придружи и новогодишната музичка парада и заедно прошетаа низ улица Македонија и плоштадот. Претставатите ќе се одржуваат два пати дневно, секој ден до 31 Декември, од 13 и 18 часот, кога се очекува официјалното пристигнување на Дедо Мраз во 12 часот. Неговото пристигнување ќе биде изненадување за сите посетители а воедно ќе испрати и можна порака!.