Во мал сад измешајте ги сите 3 состојки и мешајте додека не се поврзе сосема. За благо прилагодете по вкус со количината на медот. Излијте ја чоколадната смеса во тавче обложено со хартија за печење и измазнете одозгора со шпатула. Ставете го чоколадото во замрзнувач на 20 минути, а потоа извадете го и исечете го со нож на парчиња.
Послужете веднаш и уживајте.
Напомена:
Важно е кокосовото масло да не е сосема стопено бидејќи така какаото и маслото ќе се раздвојуваат. За мазна текстура најдобро е да користите цврсто, но омекнато кокосово масло.
Овој рецепт е неверојатно прилагодлив, па слободно бидете креативни. Додадете повеќе или помалку мед (или некој друг засладувач), парчиња кокос, сецкани бадеми, ф’стаци, сушено овошје, парчиња сирово какао… Комбинациите се бескрајни.