Ако кажеме дека чувствата не трујат, тогаш тоа не е само поетски израз. Не верувате? Ајде да погледнеме како емоциите влијаат на одделни органи, па лесно ќе разбереме како тие се тесно поврзани со труењето на телото.
1.Лутина
Кога сме лути доаѓа до застој на работата на црниот дроб. Очигледно повеќедецениската природна мудрост го знае истото што и традиционалната кинеска медицина. Вистината секогаш е единствена, без разлика на тоа дали сте Европјанин, Индиец или Кинез. Чувството на лутина оневозможува нормална работа на црниот дроб која исклучително е значајна за чистење на нашата крв. Ако црниот дроб е блокиран со лутина, тогаш сме отруени!
2. Тага
Слично се случува и кога чувството на жал (тага) ја саботира правилната работа на нашите бели дробови - вториот орган задолжен за детоксикација. Како дишете кога сте тажни? Дали длабоко и опуштено? Ма не-попрво би се рекло дека тогаш дишете како риба-плитко и во грч. Затоа не е случајно да кажеме дека не „гуши тагата“. Тагата непосредно влијае на дишањето и дебелото црево и затоа, тогаш дишеме плитко и имаме тешкотии со варањето-затвор. Последица на едното и другото е дека во телото се задржуваат отрови кои не сме ги исфрлиле со дишање или столица. Крвта не добива доволно кислород и во неа се задржува премногу јаглерод диоксид. Тоа не закиселува и спречува пренос на одредени хранливи материи и во краен случај, дури тера некои клетки да се прилагодат на делување без кислород (така настануваат клетки на рак).
3. Страв
И третиот орган за детоксикација, бубрезите, се под силно влијание на чувствата. Бубрезите и мочниот меур најмногу се под влијание на стравот. Ви текнува на изразот „смрзнал од страв“? Тоа се случува кога бубрезите од страв, одеднаш се стврднат и дојде до застој во филтрирањето и чистење на крвта. Последица на тоа е пореметување на циркулацијата поради што ни се студени и рацете и нозете. Ако стравот трае подолго време, последиците се дотолку тешки. Бубрезите ги контролираат и мускулите кои го стегаат вратот на мочниот меур. Ако се блокирани од страв, доаѓа до нивно попуштање и неможност на контрола на мускулите стегачи и испуштање на столица и мокрача. Оттаму изразите дека некој „се помочал од страв“.
4. Грижа
Грижите не трујат непосредно. Тоа чувство го погодува, првично, нашето варење - желудник, слезина и панкреасот. Често се слуша дека некој има „грчеви од болка“. Фактот дека тогаш органите за варење се во грч и не можат да ја извршат својата задача. Затоа и најквалитетната храна може да стане отров во телото бидејќи неисправно се преработува а почнува и варење во дигестивниот систем и заостанува храна во згрчени органи. Затоа наместо добро изџвакана, со киселини и ензими обработената храна во нашето црево доаѓа до полусварена храна која е одлична подлога за патогени организми и нивни отпадни производи кои забрзано не трујат.
5. Алчност
А што е со алчноста? Отровноста на алчноста ја чувствуваме во секојдневните настани, како кај нас, така и на друго место во светот. За алчни луѓе велиме дека имаат „тврдо срце“ и тоа е многу точен опис. Алчноста го погодува срцето и тенкото црево. Желбата за се поголемо и поголемо богатство се отчитува со аритмии и срцева слабост. Алчноста успешно ги создава и сите останати, веќе спомнати чувства. Кој живее во постојан страв, за да би можеле нешто да му одземат, дека ќе пропадне, или се оптеретува со тоа како би можел да стекне уште повеќе, многу брзо почнува да доживува и други споменати чувства.