,

Што му правиме на детето додека викаме на него?

Добивај вести на Viber

Истражувањата покажаа како возрасните се почесто им викаат на децата отколку на останатите возрасни и дека дури 90% од родителите барем повремено го повишуваат гласот на своите деца. Други, пак, несвесно викаат кога им се обраќаат на своите деца, со што всушност решаваат некои свои фрустрации. Ниту едните ниту другите, веројатно, не сакаат да им викаат на децата, но тоа го прават бидејќи во денот тоа им е момент на викање, ако веќе не единствен, тогаш најдобар начин на воспитување. Експертите, секако, со тоа не се сложуваат и веќе со години предупредуваат како викањето на детето, баш како и физичкото казнување, влијае на неговиот емоционален развој. Во морето на научни теории и ставови на разни експерти се издвојуваат неколку причини поради кои родителите не би требало да викаат на децата:
  • викањето ги збунува децата (детето не ја сфаќа новонастанатата ситуација на повишени тонови и родителско лутење),
  • викањето кај децата предизвикува одбранбен став (детето се чувствува беспомошно и, инстиктивно бара излез од буката, неретко, резултира со лажење)
  • викањето кај децата предизвикува страв и чувство на бескорисност
Без сомнение, родителството е најтешка и најодговорна работа, работа без работно време и годишен одмор, работа која не трпи неуспех. Секој родител смета дека знае што е и како е најдобро за неговото дете и тоа, секако, не треба да се прашува. Па сепак, родителите би требало да размислат за своите постапки и да ги преиспитуваат, би требале да создадат слика за себе како добар, ако не и најдобар родител, и согласно со тоа доследно да се однесуваат. Во сложувањето на сликата за себе како родител кој вашите деца го заслужуваат може од помош да ви бидат сопствените родители, ваши пријатели и познаници, книги и бројни совети за одгледување на децата. Кога се работи за викањето, повеќе совети на експертите се сведуваат на промената на начинот на комуникација – наместо повишен глас, на детето со благ тон и согласно неговата возраст би требало да му објасните што направило погрешно. Британската експертка за родителски прашања Џејн Бидер на родителите им предлага спротивност од викањето – пишување. Имено, ако знаете дека нема да можете да ја задржите смиреноста во гласот, она што планирате да му го кажете на детето запишете го на хартија или, ако децата се повозрасни, испратете им СМС порака или напишете им имејл. На тој начин, тврди Џејн, децата ќе ги сфатат вашите зборови без непотребна врева. Алтернатива на викањето Неколку, поточно стотици алтернативи на викање предлага The Orange Rhino на својот блог. Зад необичното име се крие мајка на четири момчиња која пред себе ставила задача – година дена нема да им вика на своите деца. Наместо да вика, таа мајка, на пример, правела склекови, пукала балони, зборувала како робот, ги гушкала своите деца, тропкала по лонци, викала во плакар, ги однела на сладолед, ги лакирала ноктите во портокалова боја, изговарала позитивни мисли, броела до 10 или до 100 или до 1000, ги стискала рацете и уште многу нешта. Сите свои идеи ги сортирала во шест категории: забавна алтернатива, „ќе изгледам како лудак“ алтернатива, „ќе ме сметаат за лош родител“ алтернатива, превентивни и слатки алтернативи и сериозни алтернативи. Портокаловата носорогица успеала во својата замисла, а после првите 365 дена без викање ги споделила своите впечатоци и, меѓу останатото, заклучила како викањето врз децата нема ефект и како не може да ги контролира своите деца, но затоа може себе. Клучот е во создавање на соодветен однос На тој траг и помалку револуционерен пристап на одгледување, барем кога станува збор за викањето, кој го предлага Hal Edward Runkel, американски брачен и семеен терапевт. Целта на неговата книга „Одгледајте ги децата без викање“ е  да го смири светот тргнувајќи од еден однос до друг, почнувајќи од односите со деца“. Квалитетен, посакуван однос е складен однос исполнет со радост, соработка и разбирање. Таквиот однос нужно е ослободен од викање, а Runkel го дефинира како „усвојување на однесување кон другите на смирен, ладнокрвен и прибран начин, владеење со сопствените емоционални реакции, без оглед на тоа како другите се однесуваат, учењето за концентрирање на себе и на грижата за себе е за доброто на цел свет“. Тој идеал не е едноставно да се достигне бидејќи родителите најпрво треба да ја премостат психолошката бариера која Runkel ја поставува пред секој читател: да сфати дека во родителството не се работи за децата, туку за родителите. Од доаѓањето на детето на свет секој родител е преокупиран со сегашноста на детето и уште повеќе од иднината–каква личност ќе стане моето дете, дали ќе има среќен и успешен живот и уште безброј прашања кои со себе ги влечат постапките кој родителите, секако во добра намера, настојуваат да ги совладаат со детето и неговиот живот. Наместо тоа, Runkel ги советува родителите своите напори да ги насочат на она што навистина можат да го совладаат и што можат да го контролираат-своите емоционални, непромислени реакции. Имено, ако сакаме да бидеме влијателни, главни, да не кажам авторитативни, најпрво мораме да се совладаме себе. Кога сме свесни за себе и своите постапки, тогаш сме во ситуација да одлучиме како ќе реагираме и тогаш на нашата реакција не влијаат постапките на другите, посебно не постапките на нашите деца. Кога владеете со своите чувства и постапки, тогаш сте, истакнува Runkel, навистина возрасни и тогаш можете да му се посветите на родителство, односно на поддржување и почитување на способноста на децата сами да донесуваат одлуки бидејќи само така може да научат дека последиците секогаш зависат од одлуките. Согласно на тоа, што повеќе децата се изложуваат на ситни последици и ситни прекршоци, односно помалку добри одлуки, тоа помалку ќе крши важни правила и граници кои сте поставиле. На овој, начин тврди Runkel, не викаат родителите, туку последиците, а децата се одговорни, смирени и самостојни. Го сметале викањето на децата (понекогаш) потребно или не, се сложувале вие со експертите или не, важно е да не заборавате дека децата учат по модел, односно, како што Dorothy Law Nolte прекрасно напишала во својата песна за одгледување на децата, децата го учат она што го доживуваат. Викање на деца-мислење на експертите Своето стручно мислење за викањето на децата го дава и детскиот психолог и психотерапевт Радојка Сучешка Лигутиќ, авторка на книгата „Како децата им помагаат на родителите да пораснат“, чиј поголем дел е посветен на тоа како да се задржи блискоста со детето, а во исто време да се има авторитет. На прашањето зошто родителите го повишуваат гласот на своите деца, таа вели дека најчесто сосема други се причините за фитилот кој ни е краток – замор, проблеми, недостиг на време-па се истресеме на детето кое тогаш испадне колатерална жртва. Сепак, најлошо е вели кога родителот се надева дека недостатокот на авторитет ќе го надомести со децибели. Јасно, со викањето не постигнуваме нашето дете да не почитува, вели Радојка. „Спротивно од она што многу го очекуваат, детето нас помалку ќе не почитува ако почесто викаме: тоа разбира дека сме надвор од контрола, па како тогаш да ни верува и да не смета луѓе од доверба. Навистина, можеби ќе не послуша од страв, плашејќи се за својата сигурност. Со викањето на децата им ја рушиме самодовербата, правиме да се чувствуваат послаби од нас и виновни. Со тоа на детето му ја одземаме шансата само да сфати што треба да направи следниот пат во истата ситуација (кога се качува по скали, преминува улица…), и што е најлошо, го оддалечуваме од себе па нема да не доживува како личност од доверба од која може да побара помош-губиме и блискост и авторитет, две најважни особини на успешен родител“, вели Радојка во однос на тоа како викањето влијае на децата. Алтернативи за викањето според Радојка Децата не се злобни по природа, туку секогаш од некоја причина. Можеби се изморени или желни за внимание, односно им треба нешто. Превенирањето на ситуацијата во која вас детето едноставно нема да ве послуша – избегнете продавници со слатки во време за ручек, вратете се од роденден пред детето да стане уморно, поразговарајте со него и дружете се пред да почне да ги решава задачите и да учи. Понекогаш им требаат граници, на пр. „Спиење во 9“, „Играчките не служат за фрлање“!, „Кога разговарам со некој, почекај„“, „Задачата се решава прво, па потоа играта …“ Секое дете сака да биде добро, но одгледувањето се состои во тоа детето да го научиме на самоконтрола и почитување на правила. Во секојдневните ситуации приликата за учењето има напредок: да му пријдеме на детето (не од висина) и да му кажеме на пример: „Ја заврши играта, а играчките останаа на под…Ајде собери ги. Инаку би можел некој да згазне на нив или да се изгубат, па утре ќе бидеш тажен…“. Кога ние ги собираме, можеме во меѓувреме да коментираме пред детето: „Не ми се собираат баш, ама знам дека утре ќе ми биде полесно, а и не ми е убаво да седам во неред“. Наместо викање: упат (тоа се прави вака) и објаснување (тоа е важно за да ти биде покомотно, полесно, побезбедно) бидејќи така детето ја разбира целта на нашите барања и правила, па подготвено ќе ги почитува и порано ќе ги научи. Јасно, наградете го детето со внимание, насмевка кога го почитува правилото, а најдобрата казна е самата последица-ако доцна се врати дома, нема читање приказни, ако не ги собере играчките, тие привремено „исчезнуваат“ … Кога сте уморни и потрошени, немојте од себе да барате чуда. Уште полудо е веднаш да почнете да го дисциплинирате детето и да го терате да ги изврши своите обврски. Вашиот замор и грижа децата ги доживуваат како порака дека не ви се важни, па тогаш им е најпотребна потврдата дека се е во ред – дека сте тука за нив и дека ги сакате. Ако детето е помало, прегрнете го или бидете покрај него додека си игра–така детето ќе ви помогне да се вратите во рамнотежа. Ако е постаро, поразговарајте со него за вашиот ден и за неговиот. Тоа не е губење, тоа е заштеда за време. Децата ја чувствуваат вашата нервоза и тогаш и сами стануваат незадоволни, да не знаат што всушност им треба. Всушност-им требате вие и вашето внимание, вашата љубов. После 10-20 минути прегратка и дружење и помалите и повозрасните деца мирно ќе си играат и соработуваат со вас.