Што претставува Фенг Шуи

Добивај вести на Viber

Ако не сте слушнале за Фенг Шуи, време е да дознаете сега. Фенг Шуи претставува древен кинески филозофски систем на хармонизирање и балансирање на сите со енергијата на околната средина. Овој систем покажува како да ја насочиме космичката енергијата (чи) да има природен тек, со цел да се подобрат сите сфери во животот. Фенг Шуи се користи како за уредување на ентериерот, така и за уредување на екстериерот. Со текот на времето, оваа метода се проширува насекаде во светот. Врз основа на оваа филозофија биле градени домовите, парковите, како и цели градови.

Фенг Шуи помага да ја откриеме вистинската енергија, дали таа е добра, променлива или разорна. Според тоа се разликуваат три трансформации на Чи, тоа се шенг, си и шаШенг е кога енергијата означува сјај, светлина, кога е здрава енергијата, кога на сите им тргнува работата. Шенг - чи е таму каде што сè е зелено, свежо, таму каде се чувствувате убаво.

Си – чи ќе пронајдете таму каде што вегетацијата е слаба, луѓето и животните се слаби и болни, каде што се чувствува депресивна енергија.

Третата, ша-чи е многу лоша енергија, многу штетна. Оваа енергија е со разорно штетно зрачење. Луѓето и животните често тешко се разболуваат, или пак постојано се нервозни и преморени без причина.

[caption id="attachment_7184" align="aligncenter" width="946"] x-default[/caption]

Чи има и два аспекти јин и јанг, тие се позитивни и негативни фази на текот на чи. Тие претставуваат, небо и земја, живот и смрт, здравје и болест, две спротивни енергии кои се неразделни. Според вашиот изглед можете да откриете дали сте Јанг или Јин. Само погледнете во огледало за вашите црти да го откријат тоа. Ако вашите црти се раздалечени од средината, линиите се хоризонтални, вилицата е заоблена, усните полни, тогаш вие сте јин. Ако пак, вашите црти се концентрирани во средината, вилицата е јака, усните тенки, вие сте јанг.

Исто така чи има и пет состојби: вода, дрво, оган, земја и метал. Пет елементи со меѓусебни односи и значења за одредени точки во живеењето. Секој елемент е поврзан со одреден правец, одредена боја и влијание. Но, исто така секој елемент меѓусебно може продуктивно или деструктивно да влијае. Баланс се воспоставува со нивно правилно поставување во просторот.

За Фенг Шуи не едуцира Ана Јордановска