Есента стигна, а со неа пристигнаа и светските модни трендови од модните писти. Стиловите се различни, но сепак креаторите беа едногласни за кои бои и стилови ќе преовладуваат.
Црвена - боја на моќта
Официјално, црвената е бојата што ќе царува оваа есен. Од асиметричните и еднобојни креации на Todd’s, до statement чизмите на Fendi како и препознатливите елегантни капути на Givenchy.
Старомодни крзна
Време е да се побара што останало во плакарот на баба, и повторно да се изнесе старо модната линија на виделина. Додека минатата сезона акцентот беше ставен на statement крзната, оваа година се враќаме повторно назад на основите. Крзната на Yeezy, J. W Anderson и Vetements се инспирирани од карактеристичниот старомоден елегантен стил, каде нивните креации изгледаат навидум како да се купени од скапа распродажба на имот.
По мерка на кројачот
Елегантните сакоа и бизнис панталони, отсекогаш ја модифицирале женската силуета на еден поинаков начин, ставајќи акцент на нејзината моќ и независност. Па така, и оваа година овој стил на носење е неизбежен, и уште еднаш ни потенцира дека некои стилови се едноставно безвременски.
Светкави чизми
Дороти од Волшебникот од Оз, повторно се враќа на модната сцена. Нејзините светкави чевлички оваа година се моден тренд. Големите модни имиња, ги дизајнираа своите модни приказни низ своите чевли. Чизмите на Chanel ќе ве однесат на прошетка во вселената, додека светкавите чизмички на Saint Laurent ќе ве прошетаат низ Холивуд и ќе ве запознаат со сите светски имиња од шоу бизнисот.
’70-те во карирано издание
Кога ќе се спомне карирано, не асоцира на Англискиот posh изглед, Лондон во стилот на Burberry и Stella McCartney, и нормално една добра епизода од „That 70’s Show“.
Карираниот принт оваа сезона е веќе имплементиран во елегантните капути на Прада, препознатливите statement панталони на Tome, додека Jenny Packhman официјално го претстави и својот елегантен кариран фустан.
Ретро капчиња
Дали се сеќавате на филмот Cluless и на модата во 90-те? Доколку одговорот е да, тогаш сигурно не сте заборавиле на ретро капчињата кои се носеа низ улиците, а беа неопходен моден додаток на познатите рапери и лица од шоу бизнисот. Оваа сезона, светските модни имиња како Marc Jacobs, Coach и Maison Marigela повторно ги враќаат на модната сцена овие култни капи. Во различни форми и текстури, најголемото внимание сепак го привлекуваат крзнените капчиња.
Најлонски капути
На ревиите на Michael Kors и Stella McCartney, најлонските капути се преодните горни облеки од вашите соништа. Покрај тоа што се лесни за носење и пакување, она што е најпрактично кај овие парчиња облека е тоа што без разлика како ќе ги здиплите, тие воопшто не се туткаат.
Мрежа
Додека изминатата сезона главен моден хит беа мрежните хулахопки искомбинирани со искинати фармерки во стилот на Пиа Миа, оваа сезона сепак дизајнерите го претставуваат овој тренд на еден поинаков начин. Наместо типичен средношколски бунтовен изглед од 90-те, оваа сезона овој тип на хулахопки се искомбинирани со женствени фустани.
Класичен цветен тапет
Дизајнерите оваа сезона ја пронајдоа својата инспирација во цветните тапети. Овој принт може да го забележиме на сите фустани и други парчиња облека. Coach 1941 го прикажа овој тип на модел на својата зимска колекција на капути, додека Ralph Lauren покрај беспрекорниот дизајн на фармерки, го надополни овој изглед со флорален принт.
Кадифе
Иако оваа сезона дизајнерите сѐ уште се вљубени во кадифе материјалот, оваа година тие сепак нагласуваат и советуваат дека кадифето е сепак најдобар избор, доколку се одлучите за елегантен фустан за некоја свадба.
За Женски Магазин, Нина Беадер, https://ninabeaderblog.wordpress.com/