Lovecats брендот во Драма студио со потпис на модниот дизајнер Ивана Кнез само денес ќе е достапен во промо пакети од 30% до - 80%. Освен понудените промо #lovepacks, трендсетерите ќе имаат можност да креираат свои пакети, да се дружат со дизајнерката и да говорат на тема мода и убавина.
- Сакам кога има љубов на едно место морам јавно да потенцирам дека Lovecats брендот е моја прва љубов која сакам да ја раскажам на моите потрошувачи и да ја почувствуваат позитивната енергија која е преточена во нив. Токму денеска ќе ги изненадам сите мои клиенти и ги поканувам сите љубители на модата во нашето Драма студио, вели Ивана Кнез.
Изработени се Lovecats фустани, маици и ланчиња во сите бои и текстури. Самиот бренд е препознатлив, во форма со глава на мачка, колекции кои се направени од различни материјали кои задолжително треба секоја жена да ги има.
- Lovecats е моден бренд за модерни и реализирани девојки. Среќни сме кога ќе ги видиме нашите клиенти како ги носат креациите а со тоа ни даваат мотив за нови дизајни, додава Кнез.
Ивана Кнез како наш иновативен моден дизајнер на овогодишниот Моден Викенд во Скопје ја презентираше својата колекција за иднината и човештвото насловена како #Concept2020.