"Улица диши длабоко", седмата книга на актерот и шоумен Игор Џамбазов беше промовирана вечерва пред многу пријатели на авторот. Седумдесет негови песни и хитови кои ги напишал за други пејачи се дел од оваа стихозбирка.
"Денеска на твитер прочитав текст за мене: Што, Игор напишал книга со стихови?
Имаше само еден ретвит и коментар: Игор е Сузана Турунџиева. Да живеат душманите !" , порача Џамбазов пред настапот со неговиот музички гуру, Игор Харе. "Сите мои драги луѓе се тука, освен за оние за кои ги напипав стиховите. Каролина е на свадбено патување, Пере е во Барцелона, Тамара во Гевгелија, а Ребека е дома" , додаде Игор. Книгата, тој му ја посвети на авојот татко, маестро Александар Џамбазов. "Само тој веруваше во мене и поради него пишувам стихови",изјави Игор. Книгата ја издава "Три".
Милица Џаровска