Д-р Несторовиќ: За децата е подобро надвор на минус отколку во топли простории

Добивај вести на Viber

Во скандинавските земји сосема е нормално бебињата да се изнесуваат надвор на многу ниски температури, па дури ќе видите и „добро спакувани“ бебиња кои дремат надвор пред кафулето, додека неговите родители внатре или надвор пијат топли напитоци.

Таква слика не може да забележите на Балканот, бидејќи тука сите се плашат од ладно време и природните услови кои доаѓаат со различните годишни времиња. Нашите родители попрво би го внесле детето во загушлива просторија, отколку да го извадат детето надвор во зима. Штетата на просторијата во која се пуши е далеку полоша за бебето отколку ладното време, од кое не може да се разболи вашето дете, доколку е адекватно облечено.

Доколку вашето бебе смрзне надвор бидејќи не е добро облечено, тоа доведува до слабеење на имунитетот, кој тогаш е поподложен на вируси и бактериски инфекции.

Кога ќе дојде ладното време, сведоци сме дека парковите се пусти, додека трговските центри и игротеките се полни со деца. Родителите не се свесни дека опасноста од разболување е многу поголема во затворени простории со многу луѓе.

За да ве одвратиме од верувањето дека во зима не треба да излегуваме надвор со децата, ви пренесуваме дел од разговорот со професор доктор Бранимир Нестровиќ, пулмолог на Универзитетската клиника „Тиршова“ во Србија.

Дел од неговите стручни совети се:

* Дали бебињата може да се разболат од ладно?

- Кога ќе дојде студеното време, зачестеноста на респираторни инфекции навистина се зголемува (како што секој знае). Но, не станува збор за самиот пад на температурата. Голема мета-анализа во 2002-ра година (внимателен преглед на медицинската литература) на оваа тема заклучи дека само ладното време не го зголемува ризикот од настинки. Брзината со која се случува промената на температурата е позначајна. Ако температурата падне брзо, при излегувањето надвор крвните садови на мукозните мембрани на респираторните органи ќе се соберат, што ги прави повеќе подложни на инфекција.

Затоа, ако сте активни надвор (разиграните деца надвор имаат топла кожа и мукозни мембрани, така што не им пречи ладното), ризикот од инфекција не е особено голем. Втората причина за чести инфекции е социјална, луѓето поминуваат повеќе време внатре во постудените периоди од годината, правејќи вирусните инфекции полесно да се шират. Повеќето респираторни вируси не се отпорни повеќе од еден час на под-нула температури, така што останувањето на ладно всушност го намалува ризикот од инфекција. Спротивно на тоа, респираторните вируси на температури околу 20 степени можат да бидат заразни до десет часа. Затоа, не спречуваме инфекции  ако децата не ги пуштаме надвор, туку при миење на рацете и честа употреба на анибактериски марамчиња за дезинфекција.

*Вашиот совет за посилен имунитет во зима?

- Рецептот за поретки настинки во текот на зимата е едноставен. Престојувајте надвор со децата еден час секој ден со игра. Добра облека, што го спречува потењето на детето (оттука што би рекла Нада Макура, слоевита облека). Не е неопходно да се претерува со количината на облека бидејќи детето нема да може да игра, а потењето го зголемува ризикот да се разболи. Потребна е капа на главата ако температурата е под минус 10, шал преку устата (за да се спречи ладење на усната и носната празнина). Топли, удобни чевли за нозете да не се влажни. По враќањето дома, задолжителен топол пијалок и пресоблекување. Изобилен внес на свежо овошје и зеленчук (сите обоени овошја, аронија, боровинки, капини) содржат големи количини на антоцијани, кои се одлични антивирусни лекови. Додаток на витамин Д (најдобар во форма на рибино масло, бидејќи организмот ќе создаде онолку витамин Д колку што му треба), моркови (витамин А), одредени микроелементи (цинк, бакар, јод и селен, магнезиум). Избегнувајте загушливи простории за пушење. Задолжително спиење најмалку осум часа. Често миење на рацете за да се отстранат вирусите од кожата.

Извор: detinjarije.com