Дали модринките се опасни: Ова се најчестите причини за нивното појавување на телото, еве кога треба да одите на лекар
Нормално е да
имате модринки доколку
ќе ја удирате ногата на масата, бидејќи крвните садови под кожата се повредени.
Сепак, кај некои луѓе тие можат да се појават без повреди.
Модринки може да се појават без удар или повреда на нозете, рацете, стомакот. Кои се најчестите причини за тоа, открива доктор Кори Фишер од американската клиника „Кливленд“.
Витамини во форма на таблети
Не за џабе на сите пакувања за додатоци во исхраната стои дека треба да се консултирате со лекар пред да ги земете. Таблетите кои содржат лук, ѓумбир, гинко, женшен, омега 3 киселини и витамин Е може да предизвикаат модринки на телото бидејќи влијаат на тромбоцитите и згрутчувањето на крвта.
Женскиот пол е понаклонет
Кај жените, модринки се јавуваат почесто без причина, бидејќи имаат потенка кожа од мажите, па дури и благ удар во некој предмет има последици. Причината е и хормонот естроген, кој влијае на изградбата на крвните садови и нивната цврстина.
Ги има повеќе во подоцнежните години
По 60-тата година полесно се појавуваат модринки, бидејќи со возраста кожата станува потенка, а крвните садови стануваат почувствителни. Покрај тоа, под кожата има помалку маснотии и колаген, кои ги штитат крвните садови од оштетување.
Последици од користење на лекови
Може да се појават модринки кога земате средства за разредување на крвта како бруфен или аспирин. Тие се предизвикани и од разредувачи на крв и третман на срцева аритмија. Некои антидепресиви влијаат на тромбоцитите, кои се важни за згрутчување на крвта. Кортикостероидите кои се користат за лекување на кожни состојби може да ја разредуваат кожата и да ја направат повеќе склона кон модринки.
Кога треба да посетите лекар?
Ако често ви се појавуваат модринки без причина, задолжително посетете лекар. Иако повеќето модринки не се опасни, некои можат да бидат резултат на нарушувања на крвта. Ако не исчезнат по три недели, се појавуваат на истите места, имате висока температура, ноќе се потите, лимфните јазли ви се отечени - задолжително посетете лекар, советува д-р Фишер.
Фото:freepik