Гвинет Палтроу наполни 50 години: Изгледа една деценија помлада благодарение на овие трикови
Познатата актерка Гвинет Палтроу вчера го прослави својот 50-ти роденден.
Иако наполни 50 години, јавноста се согласува дека актерката Гвинет Палтроу изгледа барем една деценија помлада. Имено, Гвинет својата негувана кожа и витка фигура им ги должи на рутината за нега на лице и тело, од кои не отстапува со години. Како прво, таа никогаш не користи многу шминка на лицето и се труди што помалку да ја третира косата.
„Во душата сум вистинско момченце. Обично преку ден, кога немам обврски, не се шминкам, но ако одам на вечера, ќе ставам малку маскара и малку руменило на моите образи. Косата ми е многу густа и брановидна, па кога е влажна и се суши, ја одделувам на делови и ја извртувам за да постигнам бранови, но не и волумен“, откри еднаш актерката.
Иако експертите за убавина советуваат да се прави пилинг на лицето два до три пати неделно, Гвинет прави пилинг секој ден и тврди дека тоа е тајната на младешкиот изглед на нејзината кожа.
Нејзината дневна рутина вклучува малку необична навика - чистење на устата со масло. Гвинет, всушност, става сурово органско кокосово масло во устата и со него ја чисти устата. Таа објасни дека тоа е „начин за отстранување на бактериите“, иако нема научни студии кои го потврдуваат тоа.
Актерката пие и многу вода, а и солена вода.
„Пијам многу вода. Истражував за минерализирање на водата и додавање хималајска морска сол во неа за да помогне во апсорпцијата. Нема одличен вкус, но навистина ја минерализира водата и прави голема разлика во нашите здравствени придобивки“, рече таа претходно.
Гвинет не избегнува физичка активност и вежба пет пати неделно, а оваа ставка и е многу важна.
"За мене вежбањето е навистина важен дел од животот. Правам кардиоваскуларни вежби секој ден и многу се потам пет дена во неделата. Секогаш размислувам како да ја оптимизирам физичката кондиција и како се чувствувам внатре", објаснила актерка, која исто така редовно користи сауна, но нагласува и дека внатрешното задоволство е исклучително важно за надворешната убавина.
„Имам мала инфрацрвена сауна во мојата куќа која е неверојатна. Се обидувам да ја правам три пати неделно - тоа е огромен детоксикатор и дефинитивно трик за убавина. Колку помалку токсичен товар носите, толку подобро се чувствувате и изгледате.
Но, размислете „Навистина е важно да бидете опкружени со луѓе кои навистина ги сакате и кои ве инспирираат. Тогаш се чувствувате среќни, задоволни и убави, дури и ако имате брчки“, рече таа.