„Извор“ на Каролина во издание на „Кроација рекордс“

Актуелниот албум на Каролина Гочева, „Извор“, неодамна го издаде реномираната издавачка куќа “Кроација рекордс”.

Со тоа овој албум се најде и на најпопуларните светски платформи за продажба на музика:  iTunes, Amazon, Deezer.

Каролина го промовираше албумот минатата година со рекордни седум концерти во Македонската опера и балет. Во февруари и во март годинава, таа одржа четири успешни концерти во Македонската филхармонија со оркестарот на Филхармонија. Автор на сите песни на албумот е Николче Мицевски, како и Весна Малинова- Бабамова, а еден од текстовите напиша актерката Весна Бејби Петрушевска.