Ѝ ја скратил косата на сопругата со помош на либела: Резултатот ќе ве воодушеви

Добивај вести на Viber

Рамбо Аве сакала да ја израмни косата и решила оваа задача да му ја довери на нејзиниот сопруг. Тој го стори тоа со помош на либела, а резултатите на крајот беа одлични

Рамбо Аве сподели видео на TikTok од нејзиниот ‘згоден сопруг’ кој и ја крати косата со помош на либела. Да не оди на фризер, му рекла на сопругот да и ги израмни врвовите.

За да го стори тоа што е можно подобро, тој ја најде својата либела и ја почна задачата. Видеото покажува како тој ја става либелата на косата на неговата сопруга и проценува каде да ја скрати косата. На крајот, тој одлично ја завршил работата, а неговата сопруга останала импресионирана.

@ramboave

Well this happened .. #handyman #diy #diyhaircut #ohno #fyp #fypシ #foryou

♬ Oh No - Kreepa

Видеото е прегледано над 241 000 пати, а многу други биле шокирани од тоа колку бил уреден конечниот резултат, пишува The Sun.

- Јас сум фризер и сум импресиониран - гласи еден коментар.


Foto: TikTok

Храбра трансформација: Со ваква коса дошла на фризер, па добила фризура од соништата (ВИДЕО)