Култура // Филм
Ќе се снима продолжение на „Џокер“ само ако во него игра Феникс
Филмот „Џокер“ ги урива сите рекорди на гледаност, а режисерот Тод Филипс ги израдува фановите со изјавата дека размислува да сними и продолжение. Тој вели дека би се нафатил на ова само доколку маестралниот Жоакин Феникс се согласи повторно да ја игра главната улога.
-Тоа нема да биде смао див и луд филм за принцот на криминалот, туку треба да биде тематски погодок како и првиот. „Џокер“ беше вистински барут – изјави Филипс.
Овој филмски хит кој се прикажува и кај нас, ја надмина заработката од милијарда долари и е трет најголем филм за стриповски јунаци – злосторници по „Темниот витез се враќа“, кој заработи 1,084 милијарди доларии„Аквамен“, Кој заработи 1.140 ,милијарди долари.