Еве како треба да се изгледа на македонскиот црвен тепих: Покажавме дека можеме да бидеме на ниво на Холивуд и со стил и со серијата Black Ops (ФОТО)
Бура од стил и талент го заокружи изминатиов викенд на премиерата на македонската акциона серија Black Ops, каде познати личнсти од македонското поднебје зачекорија по црвениот тепих и покажаа дека можеме да бидеме на ниво на Холивуд.
Истовремено Скопје ни ја покажа својата трансформација на град, кој што може да биде исполнет со филмски гламур и стил како светските метрополи. Во саботата (05.06.2021) во Скопје дефинитивно беше евидентен холивудскиот дух на црвениот тепих, каде што во спектакуларно издание беше маркиран официјалниот почеток на една оригинална филмска приказна.
Меѓу познатите кои се појавуваат во улога на актери се и истакнати пејачи и инфлуенсери, односно покрај актерите Ана Стојановска, Игор Џамбазов, Давид Мука, улоги во серијата имаат и Тамара Тодевска, музичкиот пар Луна и Тракер, јутјуберот и водител Стефан Лазаров и неговата сестра, мејкам артистката Марија Лазарова, Тракер и други.
Дамите посебно се истакнаа со гламурозниот стил и изборот на тоалети - изгледаат како вистински филмски диви.
Луна, Марија Лазарова и Тамара Тодевскафото:@detteto@martintrajanovski
фото:@detteto@martintrajanovski
Aктерската екипа на Black Ops пред Skopje City Mall --- Фотографија на Марко Јовановски @borealiframes
Aктерската екипа на Black Ops пред Skopje City Mall --- Фотографија на Марко Јовановски @borealiframes
Режисерот со актерската екипа на Black Ops --- Фотографија на Андреј Јаневски @orangelenzСо стилот на ниво не изостана ниту машкиот дел од актерската екипа, меѓу кои особено се истакна актерот Давид Мука, кој воедно ја има и главната улога во серијата.
David Mukka --- Фотографија на Андреј Јаневски (@orangelenz)Инаку, ексклузивната промоција на трејлерот, на новата најавена акциона серија Black Ops, се оддржа во Cineplexx за затворен круг на посетители, а веста за настанот привлече големо внимание од многубројните лојални фанови и поддржувачи, кои во саботната вечер во голем број ги пречекаа главните актери пред Skopje City Mall, кои беа опкружени со хермелини и членови на Black Vipers Squad во улога на специјалци, кои се и дел од филмската екипа.Погледнете го официјалниот трејлер на првата сезона: