Светската кураторка Кејт Фoул со предавање во Музејот на современата уметност

Добивај вести на Viber

Денеска во Музејот на современата уметност – Скопје, со почеток во 20.00 часот предавање насловено „Рефлексивен музеј“ ќе одржи Кејт Фoул (Kate Fowle), водечка кураторка во Гараж Музејот на современа уметност во Москва и директор на Independent

Curators International (ICI) во Њујорк.

Основан во 2008 година, Garage Музејот за современа уметност е еден од

новите институции формирани на почетокот на новиот милениум во

напливот на нови уметнички центри ширум светот кои почнаа да се (ре)

појавуваат одново. Како прв филантропски потфат во Русија, со намера да се

конструира сеопфатен мандат за музеј на современа уметност, Гараж

еволуираше првенствено преку реакција кон променливиот социјален,

политички и културен контекст во земјата. Денес, кога се прославува 10-

годишниот јубилеј од неговото постоење, вниманието се свртува кон

иднината. Во контекст на современост на институцијата, прашањето е кои се

оние имагинарии кои ќе придонесат за унапредувањето на рефлексивен музеј

кој може критички да придонесе за општеството во 21 век?

Кејт Фoул (Kate Fowle) е водечка кураторка во Гараж Музејот на современа

уметност во Москва и директор на Independent Curators International (ICI) во

Њујорк. Од 2009-13 година била извршен директор на ICI. Претходно била

инаугуративен меѓународен куратор во Ullens Center for Contemporary Art во

Пекинг (2007-08) и претседавач на магистерската програмата по кураторски

практики, која во 2002 ја ко-основала на California College of the Arts во Сан

Франциско. Пред да се пресели во САД, Фаул била ко-директор на Smith +

Fowle во Лондон. Од 1994 до 1996 година била кустос во Towner Art Gallery and

Museum, во Истборн, Источен Сасекс.