,

10 причини зошто Академија за Маркетинг и ПР во Creative Hub

Добивај вести на Viber

1. Наставен план по светски стандарди

Секоја Академија е направена според одредена програма од нашиот наставно-научен борд кој вклучува експерти од област, како и магистри и доктори на науки. Програмата за Академијата за Маркетинг и ПР погледнете ја во прилог: https://www.creativehub.mk/akademija-za-marketing-i-pr 

2. Програма која вклучува теорија и пракса 

Секој предавач има разработено програма која вклучува експертско искуство во форма на теорија но и работа во групи на одреден проект како практичен дел од предметот за време на предавањето.

3. Визитинг експерти

Покрај редовните предавачите на Академијата за Маркетинг и ПР за време на студирањето студентите ќе имаат можност да слушнат еднодневни предавања од експерти од област како Коста Петров, Ирина Маја ( McCann Скопје), Борис Ефтимовски ( Маркетинг365).

4. Предавачи од водечките маркетинг компании во Македонија – експерти од област

Сите предавачи на Академијата за Маркетинг и ПР се успешни и докажани во својата област. Избравме тим од водечки експерти како м-р Сузана Никифорова ( автор на новиот правец на брендирање Brand System Leadership, визитинг професор од Брисел), м-р Огнена Васиљевиќ ( CEO Momentum Inc. организатор на Health, Fitness & Wellness Expo, Fashion & Lifestyle Expo & Showtime), д-р Дина Муцунска ( менаџер на годината 2018 featured in Huffington Post), Сергеј Зафировски (CEO Insider ID, водечка агенција за marketing research во Македонија), м-р Радмила Павловска ( Gemak, Filip Vtori, Barcode) тим на предавачи од Елемент ПР ќе предава ПР, тим на предавачи од McCann Skopje ќе предава Дигитален Маркетинг.

5. Skill Set програма за секој предмет

Секој предавач подготви skill set програма за личен развој во секој предмет. Сега секој може да дознае кои вештини и компетенции ќе ги развие пред да се запише. За одреден skill set по одреден предмет погледнете ги информациите на нашиот веб сајт или испратете емаил на contact@creativehub.mk

6. Распоред во функција на концентрацијата на слушателот

Сите предавања се планирано да бидат 3 пати неделно по 120 минути. Предавањата е предвидено да бидат после 17 часот за да можат да бидат посетени од бизнис професионалци  како и студенти. Целта на предавањата е да се стави во функција концентрацијата на слушателот за која е докажано дека оптималното време е 120 минути.

7. Пракса во елитни компании        

За сите оние кои сакаат да посетуваат пракса Creative Hub потпиша договор со десетина маркетинг агенции како The P WorldMomentum Inc. Insider ID, Елемент ПР каде студентите ќе можат да одат на платена пракса.

8. Групи до 10 слушатели

Групите се од 5 до 10 слушатели во модерни простории опремени по најсовремени стандарди. Наставниот план и програма ќе се одржи во просториите на Creative Hub кој се наоѓа на самата Партизанска од десната страна на Универзална Сала, влезот е меѓу НЛБ Тутунска и Слецијал пекарата.

9. Можност да плаќање на рати без камата

За сите заинтересирани кои не се во можност да се запишат, а саакаат Creative Hub склучи договор со НЛБ Тутунска Банка за плаќање на рати ( до 36 месеци максимум) без камата. Повеќе информации на тука.

10. Алумни Club 

По завршувањето на програмата и свеченото доделување на дипломи предвидено за 1 јуни, секој учесник на програмата станува дел од Алумни Клубот на маркетери на Creative Hub. Истиот ќе има пристап до истражувачки ресурси, бизнис годишни средби и настани кои ќе ги организира Creative Hub.