1000 години од основањето на Бигорски манастир: Вечерна богослужба и Молебен канон во чест на Чудотворната икона на Св. Јован

Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин, а годинава го одблежува големот јубилеј 1000 години од основањето.

Вечерва, во предвечерието на празникот, од 18:30 часот ќе биде отслужена свечена архијерејска Вечерна богослужба и Молебен канон во чест на Чудотворната икона на Св. Јован.

Утре, на денот на патронот, во 7:00 часот почнува утрената богослужба, во 8:45 часот е пречекот на надлежниот митрополит дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство, г. Тимотеј и на митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Светата архиерејска Златоустова литургија почнува во 9:00 часот.

Манастирот бил изграден од бигор, оттаму потекнува и неговото име Бигорски.

Овој манстир е машки, во него денес живеат околу 25 монаси, кои живеат според општежителните правила на Света Гора Атонска.

Домарот, со кој успеавме да помуабетиме вели дека пред пандемијата со ковид-19 манастирот имал целодневни бдеења и повеќе верници останувале да преноќат во конаците. Додека, сега на неделно ниво околу 7.000 верници го посетувале манастирот, 5.000 за викенд и 2.000 верници во текот на работната недела.

Деновиве сите патишта водат кон Бигорски, детали од нашата посета на манастирот, прочитајте на Машки магазин