101 кратка животна лекција што мора да ја знаете

Бред Филипс е професор по психологија во едно калифорниско училиште. Неговите предавања секогаш ги започнува со давање на листа… Оваа листа не е за некој од учениците да ја прочита на глас, туку одбрани начини како неговите ученици да се соочуваат со животот, стресот и тешкотиите. Еве како изгледа неговата листа: 
 1. Стани 15 минути порано.
 2. Подготви се за утрото уште од претходната ноќ. 
 3. Избегнувај тесна облека. 
 4. Избегнувај да се потпираш на хемикалии. 
 5. Одредувај ги состаноците однапред. 
 6. Не се потпирај на меморијата, запиши. 
 7. Вежбајте превентивно одржување на работите. 
 8. Направете си дупликат од клучевите.
 9. Кажувајте „не“ почесто. 
 10. Одреди си ги приоритетите во животот. 
 11. Избегнувај негативни луѓе. 
 12. Мудро употребувај го времето. 
 13. Поедностави го времето кога јадеш. 
14. Секогаш чувај копии од важните документи. 
 15. Предвиди си ги потребите. 
 16. Поправи сè што не работи како што треба. 
 17. Побарај помош за работите кои не ти се допаѓаат. 
 18. Големите задачи подели ги на помали. 
19. Гледај на проблемите како на предизвик. 
 20. Гледај на предизвиците поинаку.
 21. Расчисти си сè во животот. 
 22. Смеј се. 
 23. Подготви се за дожд. 
 24. Скокоткај мало детенце. 
 25. Погали туѓо куче, маче. 
 26. Не ги знај сите одговори.
 27. Не се надевај секогаш на најдоброто. 
 28. Кажи нешто убаво на некого. 
 29. Научи некое дете како да вози велосипед.
 30. Шетај додека врне. 
 31. Дај си време за игра секој ден. 
 32. Уживај во топла купка. 
 33. Биди свесен/на за одлуките кои ги правиш. 
 34. Верувај во себе.
 35. Престани да си кажуваш негативни работи.
 36. Замисли како победуваш.
 37. Изгради ја својата смисла за хумор.
 38. Престани да мислиш дека утре ќе биде подобар ден. 
 39. Имај цели само за себе, лични. 
 40. Танцува како да ти е последен пат. 
 41. Кажи „здраво“ на непозната личност.
 42. Побарај прегратка од пријател. 
 43. Гледај во ѕвездите. 
 44. Вежбај бавно дишење. 
 45. Научи да си свиркаш некоја мелодија. 
 46. Прочитај поема. 
 47. Слушај некоја симфонија.
 48. Гледај балетска претстава. 
 49. Читај приказна во кревет, под јорган. 
 50. Направи нешто ново. 
 51. Откажи се од лоша навика. 
 52. Купи си цвеќе.
 53. Дај си време да мириснеш цвеќе. 
 54. Пронајди поддршка во другите.
 55. Побарај некој да ти биде „партнер за издишка“. 
 56. Денес, не утре.
 57. Концентрирај се да бидеш во добро расположение.  
58. Пред сè биди безбеден/на.
 59. Прави сè умерено. 
 60. Внимавај на твојот изглед. 
 61. Цели кон извонредност, не перфекција.
 62. Проширувај си ги границите, малку, секој ден.
 63. Гледај во уметничко дело. 
 64. Потпевнувај си песна.
 65. Одржувај ја тежината.
 66. Засади дрво.
 67. Нахрани птици. 
 68. Вежбај грациозност под притисок. 
 69. Застани и исправи се. 
 70. Секогаш имај план Б. 
 71. Научи нов техника за цртање.
 72. Запамети шега. 
 73. Биди одговорен/на за твоите емоции. 
 74. Научи да си ги задоволуваш потребите. 
 75. Стани подобар слушател. 
 76. Знај ги твоите граници и кажи ги на другите.
 77. Измисли си свој јазик. 
 78. Фрли хартиено авионче во воздух. 
 79. Вежбај секој ден.
 80. Научи ги стиховите од нова песна. 
 81. Стигни на работа, порано.
 82. Исчисти си го гардероберот. 
 83. Играј си со рацете со дете. 
 84. Оди на пикник.
 85. Прошетај по различна патека до работа. 
 86. Замини си порано од работа (со дозвола).
 87. Гледај филм и јади пуканки. 
 88. Напиши писмо до далечен пријател. 
 89. Оди на натпревар и врескај колку сакаш.
 90. Зготви си јадење и јади го на светлина од свеќа. 
 91. Препознај ја важноста на безусловната љубов. 
 92. Запомни дека стресот е само став. 
 93. Води дневник. 
 94. Вежбај злобна насмевка. 
 95. Запомни дека секогаш имаш опции. 
 96. Имај мрежа од луѓе, места и работи кои ќе ти служат како поддршка. 
 97. Претани да се обидуваш да ги поправиш другите луѓе. 
 98. Спиј доволно. 99. Зборувај помалку, слушај повеќе. 
 100. Покажи колку ги цениш другите. 
 101. Релаксирај се… дај си време за одмор. 


 ФОТО: Александар Колов