14 пати ѝ рекле дека треба да абортира-но ја издржала бременоста! Тоа што се случило на породувањето е вистинско чудо!

Добивај вести на Viber

Оваа мајка ја послушала својата внатрешна интуиција - и таа е благодарна за тоа.

Младата мајка Кира Мелдрум (20) од Јорк донела храбра одлука да ги отфрли сите совети за абортус и да ја донесе својата ќерка Лили-Роуз на свет и покрај тешките медицински компликации. За време на бременоста, Кира повеќе од 14 пати била советувана да абортира бидејќи лекарите откриле дека нејзиното бебе боледува од ретко нарушување на цревата, што можело да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Иако веќе имаше четири спонтани абортуси, Кира реши да ја продолжи бременоста. Иако секојдневно се плашела за животот на своето бебе, таа останала цврсто решена дека не е за прекин на бременоста и одбила абортус.

фото: Kiera Meldrum / SWNS



Во 34-та недела од бременоста, Кира ја родила својата ќерка, која веднаш морала да оди на итна операција.

По долги осум недели во болница, со бројни операции, Лили-Роуз конечно беше подготвена да ја напушти болницата, целосно стабилна и здрава. Кира рече дека било исклучително тешко да се види како нејзиното бебе го носат на операција, но таа е уверена дека ја направила вистинската работа со тоа што го отфрлила советот на лекарот.

- Отсекогаш верував дека ќе биде добро, а сега, кога ја гледам како расте, знам дека мојата одлука беше исправна, изјави Кира.

За време на бременоста Кира имала силни болки и отечен стомак поради акумулација на плодова вода, што дополнително ја комплицирало состојбата. Лекарите ја советувале да ја исцеди течноста, но таа се плашела дека тоа може да го загрози животот на нејзиното бебе, па одбила.

Лили-Роуз е родена со редок вроден дефект кој погодува само 1 до 3 бебиња на секои 10.000 раѓања. И покрај сите компликации, бебето преживеа и сега е поздраво, иако ќе има нетолеранција на лактоза. Кира е горда на својата храбра одлука и среќна што нејзината ќерка сега е здрава и силна.