22-неделно чудо: Предвремено родено бебе (510гр), конечно пуштено дома

Лили е пуштена од болница после неколку месеци, каде беше подложена на голема операција поради крварење на мозокот.

Девојчето кое тежело само 510грама, кога е родено предвремено, пред четири месеци, конечно е отпуштено од болница.

Лили е родена на 9 декември и оттогаш добива целосна медицинска нега.
Поминала со месеци под грижа на голем тим во универзитетската болница во Норфолк и во Норвич, каде била згрижена за три инфекции и имала голема операција за крварење на мозокот.

Но, во вторникот, мајката на Лили, Тејла Менеар (26), му се заблагодари на персоналот што го спаси нејзиното „22-неделно чудо“, на кое конечно му беше дозволено да оди дома откако качи 2,5 килограми.

Во семејниот дом во Факемхам, Норфолк, Лили ќе биде згрижена од нејзината мајка, нејзиниот 29-годишен татко Шејн Румблс и специјалист за помош.

Консултантот неонатологот Д-р Прија Мутукумар, кој ја лекуваше Лили, рече дека нејзината прогноза е „прилично добра“.

Главниот извршен директор на болницата Сем Хигинсон, изјави дека е „апсолутно воодушевен“ од напредокот на Лили.

„Овие беа предизвикувачки времиња за Тејла и Шејн и им ја посакувам целата радост во светот“, рече тој.

извор: news.sky