250 ДЕНАРИ ЗА ЛЕЖАЛКА ВО ОХРИД

Добивај вести на Viber

На Илинден поскапеа цените за изнајмување лежалки на дел од охридските плажи. Ако минатиот викенд, цената за една лежалка на плажата „Немо" беше 150 денари, денеска истата чини 250. Ова е честа пракса на концесионерите на популарните плажи, со цел повеќе да заработат во најпопуларниот летен продолжен викенд. 

Една млада двојка од Скопје се зачуди кога келнерот дојде да им ги наплати двете лежалки со чадор и двете пива, со сметка од 680 денари. 

„Брат, за овие пари ќе те однесев во Скопје, ќе се напиевме кафе и ќе се вратевме", му рече тој иронично на келнерот. 

Цените на пијалоците на плажите се исти како и лани. Постојат и места каде што лежалка во текот на целата сезона чини 100 денари, како на пример хотелските плажи на „Гранит", „Метропол" и „Белви". 

(М.Џ.)