30 прашања, 30 одговори: Студентот Александар како Оливер Спасовски

Откако неколку министри, меѓу кои и сегашниот технички премиер Оливер Спасовски објавија ПР видеа на кои одговараат на 30 кратки и интересни прашања, Радио МОФ изработи сличен формат.

Овојпат на прашањата не одговараат ниту Спасовски, ниту пак други владини функционери, туку студентот Александар кој го опишува животот во студентскиот дом. Што е добро, а што одвратно да се јаде во менза, кој е најтешкиот дел од живеењето во „Кузман“ и која песна би сакал да ја слушне во диското, дознајте во продолжение.