36-то издание на Макфест: Преовладуваа црно-белите комбинации и јаката шминка

Добивај вести на Viber

Макфест е музички фестивал кој буди многу спомени кај многу наши пејачи. Многумина од нив токму на оваа голема сцена ги имале своите први настапи. А, можеби и првите големи хитови, песни кои станале евергрини или пак хитови за сите генерации. 

Оваа година домаќини на најпознатиот музички фестивал на забавна музика кај нас Макфест 2021 беа двојката од „Голден Карпет“ , Ведрана Ѓорѓевиќ и Миро Кацаров.

На првата вечер се претставија 12 изведувачи кај кои преовладуваа црно-белите комбинации, но и јаката шминка. Фестивалот поради пандемијата со ковид-19 се одржа под отворено небо.


Вечерва, на сцената на Макфест ќе застанат Александра Јанева, Роберт Билбилов, Ѓоко Таневски, Интервали, и други.


Видео: Фејсбук/JingleTV

Фото: Инстаграм/Макфест