4 работи кои најчесто им недостигаат на жените помлади од 50 години: Важни се за здравјето, еве како да ги „зголемите“
4 работи најчесто им недостигаат на жените помлади од 50 години, тоа се важни витамини и минерали.
Повеќето возрасни лица не консумираат доволно микронутриенти, а експертите наведуваат дека жените помлади од 50 години најчесто имаат недостаток на овие четири супстанции.
Еве кои хранливи материи најчесто недостасуваат, и како да ги надоместите!
1. Железо
Тоа е важно за создавање на ДНК, го промовира производството на енергија и носи кислород низ телото, но жените често имаат недостаток на железо. Недостатокот на железо во телото ќе се манифестира како замор, исцрпеност или „магла“ во главата.
Жените губат крв за време на менструацијата, поради што треба да консумираат повеќе железо за да го надополнат недостатокот на овој важен минерал.
Жените помлади од 50 години треба да консумираат минимум 18 милиграми железо дневно, додека оптималната количина за трудниците е 27 милиграми. Жените кои се во менопауза, и мажите „мораат“ да консумираат само осум милиграми дневно.
2. Витамин Д
Недостатокот на витамин Д е многу чест ширум светот, а жените помлади од 50 години не се исклучок. Овој витамин е важен за здравјето на коските, бременоста, здравјето на тироидната...
Густината на коските е највисока помеѓу 25 и 35 години, поради што треба да размислувате за нивото на витамин Д веднаш по средината на триесеттите.
3. Фолат
Клучен витамин Б кој ја поддржува синтезата на ДНК и клеточната делба. Тој игра витална улога за време на бременоста, но помага и во разградувањето на амино киселините кои можат да бидат штетни.
Не е јасно зошто на жените често им недостасува фолати, бидејќи природно се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук, мешунките, јаткастите плодови и семките, не е „тешко“ да се најдат во исхраната. Можно е да е до генетиката, но и земањето орални контрацептиви да го намалуваат статусот на фолати.
4. Витамин Б12
Клучно за производство на црвени крвни зрнца и енергија, витаминот Б12 е хранлива материја без која се чувствуваме уморни и исцедени. Природно се наоѓа во месото, морските плодови, млечните производи и јајцата, а доколку не ги внесувате доволно, може да имате недостаток на витамин Б12.
Кое е решението?
Урамнотежената исхрана која содржи свежа храна полна со витамини и минерали е секогаш најдобриот начин. На жените им требаат околу 100 грама протеини дневно, како и разнобојно овошје и зеленчук и цели зрна. Но, тоа можеби не е секогаш доволно за да ги добиеме сите хранливи материи што ни се потребни. Консултирајте се со нутриционист за суплементација ако не сте задоволни со вашето ниво на овие важни супстанции.
FOTO: Freepik