45 минути бил клинички мртов, сега на сите им зборува: Само во ова треба да верувате

Неговиот мозок не добиваше кислород 45 минути, фактот дека тој оди, зборува, се смее, сѐ е неверојатно, откри медицинската сестра која била задолжена за Брајан...

Овој човек го изгубил пулсот на 45 минути, но се разбудил со неверојатна визија за задгробниот живот.

Камионџија во Охајо го шокирал персоналот во болницата кога се вратил во живот по скоро еден час од кога го изгубил пулсот, по силниот срцев удар, но тој тврди дека она што го видел во тие напнати моменти го уверило дека постои задгробен живот.

Брајан Милер (41) ја отварал приколката кога почувствувал дека нешто не е во ред, веднаш повикал Брза помош и на операторот му кажал: „Јас сум возач на камион и мислам дека имам инфаркт“.

Сосема сигурно, неговата главна артерија била потполно блокирана, предизвикувајќи срцев удар, известил „Fox 8 Cleveland“.

Тој побрзал до локалната болница каде докторите успеале да го оживеат и да ја отстранат блокадата, но откако си ја вратил свеста и се ослободил од болката, развил вентрикуларна фибрилација, кога срцето почнало диво да му трепери и не било во состојба да пумпа крв.

„Тој немаше отчукување на срцето, немаше крвен притисок и немаше пулс“ - кажа медицинската сестра Емили Бишоп.

Докторот направил силна, тешка и брза реанимација и го шокирал Милер четири пати во обид да го оживее, но немал среќа. Во тоа време, Милер тврди дека залутал во небесниот свет.

„Единствената работа на која се сеќавам е дека видов светлина и тргнав кон неа“ - вели камионџијата.

Тој опиша дека одел по пат обложен со цвеќиња кон белата светлина, сѐ додека не наишол на својата маќеа, која неодамна починала.

„Таа беше нешто најубаво кога ја видов, изгледаше како првиот ден кога ја запознав, изгледаше многу среќно“.

Милер се сеќава дека го фатила за рака и му кажала: „Не е твое време, не треба да бидеш овде, мораме да те вратиме назад, имаш уште многу работи да ги завршиш“.

По 45 минути, неговиот пулс се вратил „од никаде“, наведе сестрата Бишоп.

„Неговиот мозок доби кислорот по 45 минути, фактот дека тој оди, зборува, се смее, сѐ е неверојатно“ - објаснува Емили.

Среќен што се вратил помеѓу живите, Милер сега вели дека во една работа е сигурен: „Постои задгробен живот и луѓето мора да веруваат во тоа.“