5 фустани од кои нема да излеземе цела зима: Топли, удобни и тренди модели за секоја дама (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Доколку барате совршен зимски фустан, ви ги пренесуваме 5-те најпопуларни модели кои водечките трендсетерки ги обожаваат

Кога велиме зима, сигурни сме дека фустаните не се првото нешто што ви паѓа на ум, но тоа не значи дека тие не треба да бидат дел од вашиот стајлинг во текот на постудената сезона. Всушност, се чини дека одредени модели се попопуларни од кога било досега, што може да се види од профилите на Инстаграм на водечките модни девојки, а особено 5 се истакнаа како „задолжителни“ за оваа зима.

Тие комбинираат удобност и топлина, а во исто време се неверојатно тренди, поради што нема да имате проблем да ги носите на различни начини.

1. Мал црн фустан


Секоја девојка со стил треба да има „мал црн фустан“ во својот плакар. Освен што е идеален избор кога не знаете што да облечете, а фантастично се комбинира и со рамни чевли и со вртоглави потпетици, тој е и „ас“ во ракавот кога имате непланирана прослава или поформален настан. 

2. Фустан џемпер


Најдобро од сè е што можете да ги носите за секоја пригода и да изгледате прекрасно.

3. Фустан со ребреста текстура


Ребрести материјали се „задолжителни“ во наредните месеци, а освен што се многу удобни, се прилагодуваат и на линијата на телото, па не е тешко да ги стилизирате на вистински начин, а идеални се и за вечерни прилики и за на работа.

4. Фустан со впечатлив дезен или светли бои


Секоја жена со стил во својот гардеробер треба да има барем еден фустан во боја или со интересен дезен.

5. Плисиран фустан


Плисираните фустани повторно се враќаат главно затоа што се многу топли и ви даваат фигура на песочен часовник, што ќе ви помогне да изгледате повисоки и послаби. 


Извор: elle.rs