5 начини како да уживате во празниците на здрав начин

Добивај вести на Viber

Оваа празнична сезона е малку поразлична за сите нас, ја испративме досега невидената 2020 г. Некои од нас можеби не ги поминуваат празниците со семејството или со пријателите, а оние што ги поминуваат внимателно ги планираат прославите. Без разлика дали сте веќе во празнично расположение или сè уште ви е рано, празничната храна е голем дел од прославите. Неодамна, Herbalife Nutrition спроведе анкета на 2.000 Американци и откри дека 61 % од нив сметаат дека треба да му се препуштат на задоволството овие празници – повеќе во споредба со претходните години – поради стресот во 2020 г. Покрај тоа, 53 % од нив јадат понездрава храна за да си го подобрат расположението поради фактот дека празниците ќе бидат поразлични оваа година.

Во ред е да се опуштите за време на празниците, но не треба да претерувате – може непотребно да се здебелите и тоа ќе ви донесе дополнителни грижи во претстојната година. Еве неколку начини како да си ги задоволите желбите за храна, а притоа да останете здрави за време на празниците.

Јадете ужини

Сметам дека е важно да се јадат ужини, а кога правилно ги внесуваме, многу ни се корисни. Хранливите урамнотежени ужини ни ја одржуваат енергијата меѓу оброците и ни помагаат да го контролираме гладот за време на оброците, и со тоа помалку јадеме. Меѓутоа, во стресни ситуации може да посегнеме по нездрави ужини или да јадеме под стрес за да се ослободиме од лошите чувства. Затоа, треба да јадеме ужина пред да одиме на празнични дружби или да си носиме високопротеинска ужина, како на пр., јатки или протеинско чоколатце. Тврдите крцкави ужини може да помогнат за ослободување од стресот поради тоа што ги активираат стегнатите мускули на вилицата, затоа изедете една шака бадеми, соини зрна или мали морковчиња.

Одржувајте ја хидрацијата

Водата е неопходна за апсорпција на нутриентите. Треба да пиете доволно вода за телото да може правилно да ја вари храната, да ги транспортира нутриентите до клетките и да се ослободи од супстанциите што не му се потребни на телото. Добрата хидрација на телото придонесува и за правилна функција на имунолошкиот систем. Запомнете дека хидрацијата може да ја одржувате и со други течности покрај водата. Кафето и чајот влегуваат во дневниот внес на течности, но внимавајте кога избирате модерни напитоци во кафулиња затоа што може да содржат голема количина масти, шеќери и калории. Ако кофеинот ве држи будни, пијте кафе само наутро или заменете го со бескофеинско кафе или чај од билки за да може убаво да спиете.

Протеинот и зеленчукот нека ви бидат приоритет

Голем дел од празничните специјалитети содржат многу калории, а малку нутриенти и витамини што му се потребни на телото. Еден од начините како да се воздржите од нездрава храна е да користите повеќе протеин и зеленчук во секој оброк, а помалку јаглехидрати и масти. Производите богати со протеин, како што се: месото, јајцата, месото од живина и мешунките, заситуваат и обезбедуваат витамини Б, витамин Е, железо, цинк и магнезиум. Кога додавате протеин, а намалувате непотребни калории, внесувате дополнителна количина нутриенти што му се потребни на телото. За да користите повеќе зеленчук, избегнувајте гарнир со скроб, а користете двојно повеќе зеленчук. Ова е лесен начин да ги намалите калориите, а да внесете повеќе растителни влакна што ќе ве заситат. 

Внимателно избирајте десерт

Колачите и слатките задоволства се неизбежни за време на празниците, затоа е важно да бидеме внимателни во изборот. Како дел од една анкета за празнични оброци, 43 % од испитаниците признале дека јадат по повеќе од еден десерт со оброк. Ова не е чудно затоа што понекогаш посегнуваме по благо кога ќе ни опадне нивото на енергија. Во друг случај, особено кога сме под стрес, јадеме благо како слатка награда. За жал, кога јадеме многу благо внесуваме и голем број калории, што не ни е во прилог за да одржуваме здрава телесна тежина.

Не мора воопшто да не јадете благо, но избирајте внимателно. Јадете мали порции од посебни десерти што ги јадете само за време на празниците и обидете се да ги избегнувате оние секојдневни десерти што не се толку посебни.

Може и да го смените начинот на кој приготвувате десерт за семејството. На пр., приготвувајте или печете десерти со овошје. Текстурата на приготвеното овошје повеќе изгледа како десерт. Пробајте парчиња грејпфрут или портокал печени на грил скара, праски или ананас печени во рерна, варени парчиња јаболка или сливи зачинети со цимет или морско оревче. Ако сакате здрава алтернатива на сладолед, излупете банани, замотајте ги во хартија за готвење и замрзнете ги. Може да ги исечете на парчиња за да ги јадете или да ги изблендирате. 

Пешачете

Пешачењето, покрај тоа што придонесува за лесно варење на храната, е и одличен начин за да излезете и да си го одморите мозокот. Овој период од годината е убав, па затоа одвојте време да пешачите по оброците и да уживате во убавите глетки. Редовната физичка активност има многу корисни ефекти, меѓу кои раздвижување на зглобовите и одржување општа добра состојба.

Сите овие совети ќе ви помогнат да останете во добро здравје за време на празниците. Имајте на ум дека од колку повеќе здрави навики сме се откажале во 2020 г., толку потешко ќе ни биде да ги стекнеме повторно во новата година.

Автор: Сузан Бауерман, M.S., RD, CSSD, CSOWM, FAND – Постар директор, Глобална едукација и обука за исхрана


*ПР објава