5 животни лекции на Стивен Хокинг: Не би било ништо посебно во универзумот доколку не беше домот на луѓето што ги сакате!

Ако нешто можеме да научиме од животот на Стивен Хокинг, тоа е дека никогаш не смееме да се откажеме - никогаш!

Во една прилика Хокинг го прашале кој е неговиот коефициент на интелигенција, на што професорот одговорил дека со такви работи се справуваат само губитниците со комплекс на инфериорност ...

1. Верувајте во науката, но не заборавајте дека сè уште не се решени сите нејзини мистерии.

На 22-годишна возраст, на професорот Хокинг му била дијагностицирана ретка форма на болест на моторните неврони. Тогаш лекарите му дадоа само неколку години живот. Поголемиот дел од својот возрасен живот бил врзан за инвалидска количка и можел да зборува само преку синтисајзер за глас. И покрај сите овие тешкотии, Хокинг изгради успешна кариера и водеше бурен семеен живот до неговата смрт на 76-годишна возраст.

2. Понекогаш човек постигнува најголемо влијание во моментот кога во вистинска смисла на зборот молчи.

Неговата книга „Кратка историја на времето“ ги освои сите продажни листи. Во последните години од неговиот живот, тој активно ги критикуваше политичките одлуки кои негативно влијаат на планетата како целина. Откако ја формулираше својата „теорија за сè“, тој дури успеа да патува низ универзумот (фигуративно кажано). Со други зборови, Хокинг со децении не можеше да каже ниту збор без помош на компјутер, но сите сигурно слушнале за него.

3. Универзумот е огромен, како и нашиот потенцијал.

Професорот Хокинг можеше да каже за човештвото исто толку колку што можеше да ни каже за универзумот. Така, во 1998 година, во интервју за списанието „Der Spiegel“, научникот рече: „Ние сме само напредна раса мајмуни на мала планета со многу просечни ѕвезди. Но, можеме да го разбереме универзумот. И тоа е она што не прави посебни“.

Покрај тоа, Хокинг имаше многу мудри размислувања за нашите обврски кон себе и едни кон други. Во 2010 година, за време на едно интервју, тој даде три мудри совети:

„Прво, не заборавајте да ги гледате ѕвездите, а не само нозете.

Второ: никогаш не престанувајте да работите. Работата ви дава смисла и цел, а животот изгледа празен без работа.

Трето: ако сте доволно среќни да ја пронајдете вашата љубов, немојте да ја изгубите“.

4. Живејте во сегашноста и запомнете што е навистина важно.

Иако неговиот ум и поглед беа насочени кон ѕвездите, Хокинг отсекогаш живеел во сегашноста, одвојувајќи време за своето семејство. Децата зборуваа за него како љубезен татко, истакнувајќи дека тој секогаш велел: „ Не би било ништо посебно во универзумот доколку не беше домот на луѓето што ги сакате!“.

5. Не плашете се од крајот.

Можеби еден од најпознатите цитати на Хокинг стана пророчки денот кога тој умре. Еднаш, кога зборуваше за својата теорија за сè, во која научникот објасни дека постоењето на универзумот подлежи на низа закони, Хокинг почна да размислува како сето тоа започнало. Потоа додаде: „Колку е тоа големо и дали има крај? Ако да, како ќе биде? Ако ги најдеме одговорите на овие прашања, тогаш навистина ќе ја разбереме целта на Создателот“.

Со други зборови, крајот не е крај како таков, туку почеток на сосема нов начин на знаење.


Фото: Youtube - screenshoot- Gym4u

Интелигенцијата е способност на прилагодување на промени: Мисли на Стивен Хокинг кои ќе ве замислат