50 години не ми стигнаа да ја држам за рака

Добивај вести на Viber

Дали некогаш сте размислувале за она што навистина значи вистинска љубов? По толку многу убави и длабоки статии кои сме напишале, прочитале, сретнале, сите романтични филмови кои сме ги изгледале, имаме ли реална претстава за тоа како може да го зачуваме ова свето чувство до крајот на животот, до последниот здив? Вистината е дека секој ја прифаќа љубовта на свој начин и не е фер да му се лутите на некого кој има малку поинаква идеја од вашата. Бидејќи тоа дека некој не ве сака на начинот на кој вие сакате, не значи дека не ве сака со целото свое срце. Сакаме да ви пренесеме една приказна што кажува навистина многу за љубовта. Ова е вистинска приказна на баба и дедо, кои ја зачувале љубовта и почитта еден кон друг долги години. Еве што споделија тие: Дедото почна да раскажува прв: „Не сакам да те растажувам, девојко мојо, но едвај некој од твојата генерација ќе издржи 50 години таква љубов, 50 години да држи цврсто иста рака. Вие сте ... толку горди!“ Бабата продолжи: „Почит, девојко моја, тоа е најважно. Да има прегратки, поддршка, смеа и почит. Дедо ти, девојче мое, секогаш ме ставаше на прво место - работа, обврски, состаноци, планови, сè може да почека. Секогаш прво ми правеше чај, ме бакнуваше и ме прашуваше дали сум добро, имам ли потреба од нешто. Дури тогаш мирно можеше да си ја врши работата. Види, со нас сè беше толку природно. Јас му готвам, перам со љубов. Го пречекувам со бакнеж, а тој како вистински, достоен маж заработува, ми помага во се, ме бранеше и секакви подароци ми правеше - но најважно ми го подаруваше неговото време. А што сега? Вие се чувствувате должни! Жената му вика на мажот: Треба да ми дадеш дом, деца. Мораш да ме слушаш. Мажите пак на жената и велат: Должна си јадење да ми направиш, кошулите да ми ги переш. Нема среќа, моја девојко, ако не е од целото срце. Никој на никому не му е должен и се си доаѓа од ваму - од тоа старо, но силно, сакано срце. Еј, млада си, но да сретнеш некој кој ќе те сака и почитува, а ти со желба да му готвиш и со љубов кошулите да му ги переш. И ако имате среќа, ќе остарите заедно.“ Дедото со насмевка заврши: „Едно ми е срцето, чедо, едно единствено и една ми е во него засекогаш. Со едно срце, една сакаш, други не сакаш. И како да ми здосади, девојко моја! Таа не може без мене и јас не можам без неа. 50 години не ми стигнаа да ја држам за рака, за тоа уште не сум ја пуштил!“  
Фото: iStock/Guliver