50 животни лекции на жената која поминала низ пеколот за да дојде до бајка на јаве: „Не штедете ништо за посебни прилики. Денес е посебна прилика. Животот не е секогаш фер, но е добар“

Добивај вести на Viber

Новинарката, колумнистката, писателката и мотивациска говорничка Реџина Брет е многу храбра жена; жена која за 65 години, каква што е денес, успеа да одговори на бројни препреки и предизвици и сите свои неуспеси, падови и проблеми ги претвори во добри лекции и мали и големи победи. Рак, сиромаштија, семејно насилство, алкохолизам - сето тоа на крајот доведе до среќа и љубов за Реџина.

Таа е родена во семејство со 11 деца, а татко ѝ често ги тепал со појас, додека мајка ѝ немо гледала. Признава дека во средно посегнала по алкохолот, за да ја ублажи болката.

„На 21 година забременив и го напуштив факултетот. На 25 години засекогаш престанав да пијам, чекор по чекор. Бев свршена за човек кој ми го скрши срцето, по што се вратив на факултет. Сакав да пишувам книги, но морав да плаќам кирија, па станав новинар. Откако сменив курсеви шест пати на факултет, дипломирав новинарство на 30 години. На терапиите сфатив дека сум родена и достојна за се‘. На 40 години, се омажив за човек кој се грижеше за мене, но една година подоцна дознав дека имам рак на дојка. Имав двојна мастектомија без реконструкција“, накратко го опишала својот живот оваа Американка.


Реџина стана позната на 45-годишна возраст, кога нејзината колумна „45 лекции  на кои ме научи животот“ стана светски позната, по што напиша дури шест книги и стана еден од најбараните светски гуруа и мотиватори. Таа вели дека една од нејзините омилени лекции во животот, која повторно и повторно се покажува како вистинита, е прилично едноставна: „Најдоброто допрва доаѓа“.

А ние ви пренесуваме уште 50 кратки, но моќни цитати од лекциите на оваа авторка кои ја туркаа напред и во најтемните времиња:

*Животот не е фер, но сепак е добар.

*Кога се сомневате, само направете уште еден мал чекор напред.

*Животот е премногу краток за да губите време мразејќи некого.

*Не се сфаќајте премногу сериозно. Никој друг не го прави тоа.

*Отплаќајте ги вашите кредитни картички секој месец.

*Не мора да победувате во секоја дебата. Се согласувам, да не се согласувам.

*Плачете со некого. Тоа е повеќе лековито отколку да плачете сами.

*Во ред е да се лутиш на Бога. Тој може да се справи и да го разбере тоа.

*Штедете за старите денови, почнувајќи од првата плата.

*Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.

*Помирете се со вашето минато, за да не ја расипете сегашноста.

*Во ред е да дозволите вашите деца да ве видат како плачете.

*Не го споредувајте својот живот со туѓ. Немате поим како изгледа она низ што поминале тие.

*Ако врската мора да биде тајна, вие не треба да бидете во неа.

*Сè може да се смени додека да трепнеш. Но, не грижете се, Бог никогаш не трепнува.

*Животот е премногу краток за долги епизоди на жалење. Биди зафатен со животот или биди зафатен со умирање.

*Можете да поминете низ секоја ситуација ако останете присутни во моментот.

*Писателот пишува. Ако сакате да бидете писател, пишете.

*Никогаш не е доцна за среќно детство.

*Кога станува збор за барање на она што го сакате во животот, не прифаќајте не како одговор.

*Запалете свеќи, користете убава постелнина, носете елегантна долна облека. Не ги чувајте за посебни прилики. Денес е посебна прилика.

*Бидете ексцентрични сега, не чекајте на старост да носите виолетова боја.

*Најважниот полов орган е мозокот.

*Никој не е задолжен за вашата среќа освен вие.

*Подгответе се добро, а потоа - како ќе биде, така нека биде.

*Дочекајте ја секоја таканаречена катастрофа во вашиот живот со зборовите: „Дали ова ќе биде важно за пет години?

*Простете им на сите.

*Секогаш избирајте го животот.

*Што другите луѓе мислат за вас не е ваша работа.

*Времето лечи речиси сè. Дајте му време на времето.

*Без разлика колку е добра или лоша ситуацијата, таа ќе се промени.

*Вашата работа нема да се грижи за вас кога сте болни. Вашите пријатели ќе се грижат. Одржувајте контакт.

*Верувај во чуда.

*Бог те сака затоа што е Бог, а не поради нешто што си направил или не.

*Сè што не те убива навистина те прави посилен.

*Стареењето ја победува алтернативата - да умреш додека си млад.

*Вашите деца имаат само едно детство, нека биде незаборавно.

*Прочитајте ги псалмите. Тие ја покриваат секоја човечка емоција.

*Излегувај секој ден. Чудата ве очекуваат насекаде.

*Ако ги фрливме нашите проблеми врз толпата и ги земаме нивните проблеми, ќе си ги грабневме нашите назад.

*Не го осудувајте својот живот. Покажете се‘ и искористете се‘ што можете сега.

*Ослободете се од се‘ што не е корисно, убаво или радосно.

*Сè што е важно на крајот е дека сте сакале.

*Зависта е губење време. Веќе имате се‘ што ви треба.

*Најдоброто допрва треба да дојде.

*Земете длабок здив, тоа го смирува умот.

*Без разлика како се чувствувате, станете, средете се и појавете се.

*Ако не прашаш, не добиваш.

*Допринесувајте.

*Животот не доаѓа со машна, но сепак е подарок!


Фото: Инстаграм- Реџина Брет