6 работи што не треба да ги допирате на јавни места

Ако е возможно, не допирајте ги овие предмети, уреди или површини, бидејќи тие можат да бидат носители на инфекции


Од доаѓањето на новиот коронавирус, јавните места што ги споделуваме со сите други во урбаното опкружување и пошироко, станаа едно од најопасните од здравствена гледна точка. Површините, предметите и објектите за општа употреба секојдневно ги допираат илјадници луѓе, што потенцијално го зголемува ризикот од најразлични инфекции. Затоа, скоро во сите земји задолжителното носење маска на затворено и на јавни места сè уште е на сила.

Кога сме на јавно место, допирањето на загадените површини носи ризик од пренесување на инфекцијата не само од коронавирусот, туку и од сите други познати патогени.

Кои се површините на јавни места што не треба да ги допирате ако е можно?



Копчиња на банкомат

Без разлика дали ќе повлечете пари од банкомат или плаќате за паркирање, плаќате со ПОС терминал, правите трансакција или ја проверувате цената на намирници во голем ланец на продавници, треба да допрете разни уреди со копчиња или осетливи на допир. Ако е можно, треба да го избегнете ова. Намалете го контактот на споделените површини и уредите за јавно користење, бидејќи нивната дезинфекција сигурно не се случува после секој клиент и тие се допираат од стотици илјади прсти на ден. Ако треба да допрете таков уред, направете го тоа со раквици, хартиена крпа или измијте ги рацете веднаш потоа.



Огради

Оградите на скалите, лифтовите, ескалаторите, во разни институции, секој ден се допираат со многу валкани раце. Потруди се да се контролираш кога си близу такви помагала, не ги допирај, или исто и овде користете ракавици.



Површини во јавни тоалети

Сега, исто така е време да престанеме да ги допираме површините во јавните тоалети што е можно повеќе. Измијте ги рацете веднаш по употребата и пред да допрете нешто друго.



Копчиња во лифт

Копчињата во лифтовите за јавна употреба исто така се едни од најчесто употребуваните од многу луѓе секој ден. Тие толку често не се дезинфицираат како другите површини. Затоа треба да избегнувате да ги допирате доколку е можно.



Клупи

Клупите во парковите и градините ги користат стотици луѓе секој ден. Загадената облека ги допира, се допираат со раце, некои дури и со чевли, што ги прави една од најзагадените површини на јавни места. Нивното допирање треба да се сведе на минимум. Ако е можно, избришете ја со антибактериска влажна крпа пред да седнете.

Извор: az-jenata.bg

Фото: istock


Експертски совети: Ќе ви помогнат да го држите коронавирусот подалеку од вашиот дом