Експертски совети: Ќе ви помогнат да го држите коронавирусот подалеку од вашиот дом

Добивај вести на Viber

Постепено се намалуваат мерките за седење дома и луѓето се враќаат на своите работни места, сепак вирусот уште дивее, UNICEF и група експерти советуветуваат како да не го донесете дома.

Може ли да фатите коронавирус од храна? Како треба да перам? Обврските во домаќинството се претворија во извор на неизвесност и вознемиреност, бидејќи семејствата се обидуваат да ги прават основните работи, истовремено да ги зачуваат своите најблиски безбедни и здрави.
Дезинформациите за вирусот ги става во опасност сите и додава стрес. Додека истражувањата за вирусот се во тек, знаеме дека се пренесува преку директен контакт со респираторни капки од заразено лице (преку кашлање и кивање) и допирање на површини загадени со вирусот. Вирусот може да преживее на површини неколку часа до неколку дена. Добрата вест? Средства за дезинфекција можат да го убијат. Што значи ова за вашиот дом?

Експертски информации за она што е познато за КОВИД-19 и совети како да го чувате вирусот надвор од вашиот дом:

Чистење во домот

Чистењето и дезинфекцијата на површините со чест допир во вашиот дом е важна претпазливост за да се намали ризикот од инфекција, чистете носејќи ракавици и бидете сигурни дека правите проветрување. 
Секој дом е различен, но вообичаени површини со чест допир вклучуваат: рачки на вратите, маси, столчињата, држачи, кујнските и бањските површини, чешмите, тоалетите, светлосните прекинувачи, мобилните телефони, компјутерите, таблетите, тастатурите, далечинскиот управувач, контролерите за игри и омилените играчки.
Ако површината е валкана, прво исчистете ја со сапун или детергент и вода. Потоа користете средство за дезинфекција што содржи алкохол (од околу 70%) или белило. Не се препорачува оцет и други природни производи.
Многу производи за дезинфекција, како што се марамчиња и спрејови, треба да останат влажни на површина неколку минути за да бидат ефективни. Секогаш прочитајте ги упатствата за да бидете сигурни дека ги користите производите како што е препорачано и за да избегнете оштетување на чувствителни артикли, како што се мобилни телефони и други електронски уреди. 

Чистење облека

Во моментов е нејасно колку време вирусот може да преживее на ткаенина, но многу предмети од облека имаат пластични и метални елементи на кои може да живее неколку часа до неколку дена.
 Добрите практики што треба да се земат предвид вклучуваат отстранување на чевлите кога влегувате во вашиот дом и се преслекување во чиста облека кога се враќате дома.

Перење алишта

Редовно менувајте чаршафи, крпи и облека.
Не тресете ги валканите алишта за да ја минимизирате можноста за распрснување на вирусот преку воздухот.
Перете ги алиштата со сапун или детергент, користејќи ја најтоплата соодветна поставка на вода.
Измијте ја или дезинфицирајте ја и торбата за перење алишта. Размислете за чување алишта во вреќи за еднократна употреба.
Ако треба да користите перални надвор од вашиот дом, преземете разумни мерки на претпазливост:
Обидете се да одите во време кога има помалку луѓе
Одржувајте физичка оддалеченост од другите луѓе.

Подготовка на храна

Во моментов нема докази дека луѓето го фаќаат вирусот од пакување на храна или свежа храна. Поголем ризик произлегува од близок контакт со други луѓе додека сте надвор по купување храна или примање достава на храна. Како и секогаш, добрата хигиена е важна при ракување со храна за да спречите какви било болести предизвикани од храна.
Отстранете ја непотребната амбалажа, ставете на чиста чинија и фрлајте го садот во канта за отпадоци со капак. 
Лимени пакувања може да се избришат со средство за дезинфекција пред да се отворат.
Измијте ја непакуваната храна, како овошје и зеленчук, темелно под млаз вода.
Измијте ги рацете темелно со сапун и вода најмалку 20 секунди пред да подготвите храна.
Поставете си за цел да рециклирате или депонирате отпад од храна и пакување на соодветен и санитарен начин, избегнувајќи градење на отпад што може да привлече штетници.
Измијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди пред јадење и бидете сигурни дека вашите деца го прават истото.

Лична хигиена

Едноставни хигиенски мерки можат да помогнат во заштитата на здравјето на вашето семејство и на сите други.Не допирајте го лицетоИзбегнувајте допирање на очите, носот и устата.Покријте ја устата и носот со лактот или марамче при кашлање или кивање. Фрлете го користеното марамче веднаш.Одржувајте растојание од најмалку 1 метар (3 стапки) од луѓе кои кашлаат или киваат.И мијте, мијте, мијте ги рацете, најмалку 20-30 секунди.

Ако користите средства за дезинфекција на рацете, осигурете се дека содржи најмалку 60% алкохол, обезбедете покриеност на сите делови од рацете и тријте ги рацете заедно 20-30 секунди додека рацете не се чувствуваат суви. Ако рацете се видливо валкани, секогаш измијте ги рацете со сапун и вода.

Дали знаете? Студената вода и топла вода се подеднакво ефикасни при убивање на бактерии и вируси - сè додека користите сапун и ги миете рацете на вистински начин!


извор: unicef

-20 работи во домот што треба да ги чистите секој ден
-Овие места се најризични: Каде во вашиот дом најмногу се задржува коронавирусот
-Најдобрите методи за дезинфекција кои секој ги има дома
-Лекари открија како сигурно да го заштитиме домот од коронавирус