Родово базирано насилство врз жените во спортот

Добивај вести на Viber

На конференцијата организирана во соработка со Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство и Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport и со поддршка од U.S. Embassy Macedonia за првпат се говореше на тема „Родово базирано насилство врз жените во спортот“. Отворена е една сензитивна тема за која досега не се говореше во македонската јавност. Дел од спортистките, кои беа присутни на конференцијата, споделија лични искуства и кажаа со каков тип на насилство се соочувале во нивните спортски кариери. Од дискусијата произлегоа заклучоци и препораки за превенција на насилството врз жените врз спортот.