9 години од свадба, уште 90 години ми се малку со тебе: Пејачката Елена Петреска со емотивна посвета за годишнината од бракот

Пејачката Елена Петреска редовно постира објави на социјалната мрежа Инстаграм, таа со своите обожаватели споделува дел од нејзиното секојдневние, а вчеравечер се „пофали“ дека со сопругот Андреј слават 9 години од свадбата.

Парот има две деца, Махаил и Софија.

А, по повод годишнината од бракот Елена напиша емотивна порака до сопругот: „ 9 години од свадба, уште 90 ми се малку со тебе! Те сакам Андреја“.

Елена сподели и дел од романтичната прослава, таа по повод оваа свечена прилика носи бел топ и долен дел во беж боја, додека нејзиниот партнер се одлучил за сако во беж боја и бела кошула. Не знаеме дали парот случајно или намерно е ускладен со бојата на облеката, но едно е сигурно, блискат од среќа и двајцата.


На масата има голем и убав букет со цвеќиња кои претпоставуваме дека пејачката ги добила од саканиот. 


Фото: Инстаграм/Елена Петреска