92-годишниот дедо Тодор оздраве од Ковид-19: Со силен дух заминува дома

92-годишен пациент успеа да се избори со коронавирусот и беше отпуштен од Одделот за инфективни болести при Воената медицинска академија во Бугарија.

Ова го објавија медицинските лица на официјалната страница на Фејсбук на здравствената установа.

Лекарите забележуваат дека дедо Тодор има исклучително силен дух и, покрај тоа, е вклучен во статистиката на еден од најстарите пациенти во Европа кој бил подложен на овој вирус.

„Денес, пациент со силен дух си заминува дома! Горди сме што му помогнавме на 92-годишниот дедо Тодор да го надмине Ковид-19, што го прави еден од најстарите пациенти во Европа што беше подложен на вирусот“, пишуваат медицинските лица од Воената медицинска академија.