Aстро прогноза за Вага: Очекувајте промена во кариерата

Драги ваги, вие , како и Биковите, оваа година ќе доживеете ретрограден од на својата владарка, пред крајот на годината, но она што е најважно е да знаете дека наредните години ќе се соочувате со сериозни астро настани, со влегување на Сатурн во знак на Јарец, кој влегува во вашето четврто поле, поле на семејството, домот и најинтимниот дел на Вашиот живот, емоции и ранливост. Оваа година бидете фокусирани на своите идеали во животот. Не доверувајте ништо никому, додека не размислите два пати. Кај некои Ваги постои можност за преселување. Во октомври работите ќе почнат да се движат во ваша корист и финансиски ќе изгледате прилично добро. Оваа година подобро ќе можете да го разберете партнерот во вашиот живот и тоа ќе ви донесе многу добри резултати. Јупитер ќе ви помогне да развиете значајни односи со саканата личност, при што ќе се појави интензивна страст и романтика. Но, ви се советува да не преземате некои импулсивни акции. Одрекувањето од некои лоши врски би можело да ви донесе целосна среќа. Оваа година ќе дојде и до промена во вашата кариера. Ќе имате нови работни позиции, а со тоа и повеќе одговорности. Вашето ниво на енергија ќе ви овозможи да ја ставите кариерата во прв план. Ова е добро време за да ги усовршите и вашите вештини, но и да научите некои нови. Обидете се да остварите добар баланс помеѓу вашиот професионален и личен живот. Не двоумете се да барате покачување на платата или трансфер на друго работно место. Барајте и ќе добиете! Разумното управување со буџетот би било клучно за вашата финансиска стабилност оваа година. Бидете разумнби во трошењето, затоа што штедењето нема да ви оди баш од рака. Можни се изненадни трошоци врзани за пријателите и роднините. Бидете подготвени за ваков проблем. Во првото тромесечје од оваа година ќе почувствувате умор и други здравствени проблеми. Околу почетокот на второто тромесечје, работите ќе почнаат да се менуваат. Имајте на ум дека на вашето ментално здравје исто така му е потребно помладување. Последниот квартал можете да го искористите за подобрување на вашите вештини, со цел да го развивате својот дух. Генерално ќе чувствувате стабилност, стамо внимавајте на трошењето и финансиите.