Адел во мини фустанче и без грам шминка: Позира за роденденот уште повеќе ослабена (ФОТО)

Еден од најдобрите вокали на светската музичка сцена, станува се послаба!

Адел пред неколку дена наполни 34 години и блесна на роденденската забава во фустан кој го истакна нејзиното уште позгодно тело!

Таа на социјалните мрежи сподели неколку фотографии, а нејзините обожаватели не можеа да поверуваат што гледаат! Нејзиниот струк никогаш не бил потенок, а со оглед на тоа што пејачката ретко споделува привати фотки, нејзините објави секогаш наидуваат на многу коментари и изненадувања.

View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)


Згодната Адел позира на нив во црн фустан со минијатурен крој, голи рамена и надувани ракави, додека на нејзиното лице нема ни трошка шминка. Сите се воодушевени од новиот изглед на пејачката, а многумина се уште се прашуваат како успеала да ослабе дури 45 килограми

- Каква разлика прави една година! Ако времето продолжи да ги лекува и да ги измазнува сите брчки во мојот живот, како што минуваат годините, тогаш едвај чекам да наполнам 60 години! Никогаш не сум била посреќна! Толку многу лекции, толку многу благослови за кои треба да се биде благодарен. Ви благодарам за роденденската љубов како и секогаш – напиша Адел.

извор:stil.kurir