,

Afterwork дружење со Ивана Кнез во Anabella парфимерија

Добивај вести на Viber

Вчера,16.02 во парфимеријата Anabella во Skopje City Mall, се случи afterwork забава, наменета за сите љубители на квалитетна козметика и уникатниот дизајн на Ивана Кнез. Забавата беше од отворен тип, присуствуваа личности од јавниот живот во Македонија, но и посетитиели, вљубеници на овие два бренда. Сите тие имаа можност лично да се запознаат со Ивана Кнез, да поразговараат со неа, но и да добијат професионални Make up совети, корисни трикови и консултации од make up артистот Васе Доковски од VD Make Up студио. На настанот се зборуваше за новитетите и соработката помеѓу парфимериите Anabella и Drama studio, додека соработката беше поздравена со 20 % ПОПУСТ на целата козметика на францускиот престижен бренд за нега на кожа – CLARINS! Изненадувањата кои допрва не очекуваат се во тајност, така што останува да ги следиме новитетите на парфимериите Anabella и Drama studio и да видиме што следно имаат подготвено за нас.