Mора да знаете: Колку често и како да ги перете памучните заштитни маски

фото: SHUTTERSTOCK

Ако носите маски за повеќекратна употреба, многу е важно да знаете како правилно да ги одржувате.

Опасноста од коронавирусот се уште постои, па многумина носиме заштитни маски и раквици.
Ако маската што ја носите е изработена од памук и е наменета за повеќекратна употреба, имајте на ум дека таа мора да биде соодветно одржувана.

Иако сè уште не е утврдено колку време вирусот останува на различни видови ткаенина, не опуштајте се и постапувајте како што би правеле со маска за еднократна употреба - не ја ставајте назад на лицето откако веќе сте ја користеле еднаш.

Би било идеално да ја исперете маската веднаш, во машина за перење и се препорачува да ја извриете, на температура од 90 степени, користејќи детергент.

Или, ако поради некоја причина не можете да ја користите машината за перење, добро е да ја исперете маската "рачно" со топла вода и сапун или детергент.

извор: glossy