Ако сакате тенок струк, послушајте ги советите на овој нутриционист: „За стомакот рамен како штица, заборавете на оваа храна“
Во теорија, сè е многу едноставно – јадете малку, губите маснотии, но во пракса не е така лесно. Еве го советот на познат нутриционист
Во теорија, сè е многу едноставно, кога сакате да се ослободите од вишокот килограми, сè што треба да исфрлите од вашата исхрана се јаглехидратите. Кога станува збор за вежбање, не е така лесно да се откажеме од сè што ни причинува задоволство. Меѓутоа, доколку сакаме убава линија, некои работи се неопходни.
Оваа диета е дизајнирана од американскиот нутриционист и фитнес-инструктор Хорхе Круз, кој смета дека главната причина за дебелината не лежи во количината на внесени калории, туку во количината на „погрешни“ калории што ги консумираме секој ден.
Проблемот настанува кога јадеме храна која се претвора во шеќери, поточно јаглехидрати. Значи, сето тоа се сведува на лачењето на инсулин и неговата улога во процесот на слабеење. Колку повеќе шеќер внесуваме во телото, толку е поголемо лачењето на инсулин, хормон кој го спречува претворањето на масните наслаги во енергија. И затоа килограмите се натрупуваат.
Доколку ги исфрлите јаглехидратите од исхраната, можно е да изгубите и до 6 килограми за 2 недели, тврди тој. Тој предлага да се воведе урамнотежена исхрана, што значи дека во еден ден имаме три главни оброци и две ужинки. На овој начин ќе се забрза метаболизмот.
Во оваа диета практично нема строги ограничувања на порциите и нема чувство на глад. Ова правило важи за сите намирници, освен за оние кои имаат „погрешни“ калории, односно се богати со јаглехидрати и шеќери. Дозволениот внес на овие „погрешни“ намирници е до 100 g дневно.
Елиминирајте ја храната богата со заситени масти и почнете да јадете повеќе храна богата со влакна и протеини.
Идеја за мени
Појадок: Интегрална погача со путер, шолја кафе со млеко (по желба засладено со вештачки засладувачи)
Утринска ужина: парче сирење по ваш избор (може и полномасно)
Ручек: Салата од ракчиња (зелена салата, 2 лажици прелив за салата од Цезар, 5 ракчиња на скара, 1 лажица рендан пармезан) Ако не сакате ракчиња, одберете која риба ја сакате.
Попладневна ужина: Парче мисиркини гради, лист топено сирење
Вечера: Стек со зеленчук (печен посен говедски стек на скара, исечен на ленти, спанаќ на пареа, салата од шери домати)
Фото:freepik