Ако вашиот сопруг ги прави овие работи, време е да размислите за развод: Психолог брутално искрен за врските кои немаат иднина

Добивај вести на Viber

Ваков реален совет никаде нема да слушнете. Ако ја сакате вистината, ќе ја добиете во овој текст...

Познатиот руски психолог Михаил Лабковски даде неколку интересни совети за жените. На едноставен и оригинален начин Лабковски предложи што да правите доколку животот ви се претвори во пекол поради сопругот.

Изгубен интерес за интимни односи

Решение: За да се избегнат проблеми (од секаков вид) во бракот, парот мора да работи на себе, да се развива заедно. Најпрво да разговарате, да излегувате заедно, да се дружите со други луѓе, да се подобрите културно итн. Ако има некаков проблем, важно е да знаат дека искрениот разговор може многу да помогне. Дали порано или подоцна ќе дојдете до решение зависи од тоа зошто и како сте се венчале. За жал, денешните бракови се почесто се договараат затоа што еден или двајцата не сакаат да бидат сами до крајот на животот. Сакаат да имаат деца, да се смират и затоа се мажат „набрзина“. Затоа ваквите бракови „паѓаат во криза“ многу порано отколку браковите направени од чиста и неизвалкана љубов. Ако вашиот сопруг ја изгубил желбата за секс, треба да побарате помош од сексолог. Ако сопругот одбие, почекајте неколку недели и повторно спомнете дека треба да побарате стручна помош. Ако и тогаш не сака да бара помош, барај друг маж! Ова можеби звучи грубо, но реалноста е дека сте физички во брак, но психички не сте. Сопругот не е сопруг затоа што ги одбива брачните обврски.

Не го пушта телефонот

Решение: Нормалните луѓе не седат постојано пред компјутер, не гледаат цело време серии - тие живеат! Ако вашиот сопруг го поминува целото слободно време пред компјутер, тогаш тој не е задоволен од својот живот и се обидува да се занимава со нешто друго за да не размислува за тоа. Нормално е жената да се лути во тие прилики. Нејзиниот сопруг губи интерес за неа. Мој совет е повторно да го заведете. Ако тоа не ви помогне, време е да посетите психолог за парови. Но, пред да отидете кај брачен советник, видете дали случајно вашиот сопруг не е активен на некоја од страниците за запознавање. Тогаш ни сите психолози во светот не можат да ви помогнат!

Тој не учествува во животот на децата

Решение: Да претпоставиме дека ситуацијата е следна: жената се грижи за децата дома додека мажот заработува за живот. Еве го решението: вие како жена земете слободен ден и одете некаде. Оставете го сопругот со децата. Што и да се случи во тие моменти, немојте да се жалите и да го обвинувате вашиот сопруг што не го прави ова или она, само оставете го да биде со вашите деца. Колку повеќе време поминува со нив, толку повеќе ќе го сака времето што го поминува со нив.

Дозволи свекрвата да ни се меша во животот

Решение: Ако вашата свекрва постојано се жали на вас, не се обидувајте да и угодите. Колку повеќе се обидувате да и се допаднете, толку повеќе ќе се најдете како играте улоги во филм каде таа е ловецот, а вие пленот. Однесувајте се нормално, живејте го својот живот и игнорирајте ја. Ќе ви се допадне овој начин на живот, верувајте ми. Ќе протестира, ќе прави врева, но тоа е твојот живот. Доколку се обиде на било кој начин да се меша во вашиот брак, покажете и дека не смее да го прави тоа, дека тоа е ваш брак, а не нејзин. Едноставно кажете ѝ: „Жено, ако не ти се допаѓа како готвам или ги пеглам кошулите на син ти, отсега доаѓај дома само кога не сум таму, бидејќи не трпам лоши коментари за мене“.

Фото: Freepik.com
Извор: Najzena.alo.rs