Ако видите поубав оваа сезона, кажете ни! Кралицата Максима во фустан кој со денови ќе ви се врти во глава (ФОТО)
Холандската кралица Максима вчера го посетила градот Ден Бос за да присуствува на предавање на Универзитет, а вниманието го привлече со едноставен, но брилијантен моден избор. Познатата 52-годишна дама ужива да си поигрува со трендовите и да носи светли, живи бои, а тоа беше случај и овој пат.
Максима на семинарот се појавила во прекрасен фустан, идеален за бројни секојдневни задачи, кој поради впечатливата, светла боја навистина паѓа во очи.
Станува збор за памучна кошула-фустан со плисирана линија А, со миди должина, украсен со широк ремен во пределот на половината. Креацијата на холандската кралица ја потпишува белгиската модна куќа Natan Couture, но слични модели се достапни во речиси секој high-street бренд.
Инаку, овој модел е многу благодарен за комбинирањето, но исто како и се додворува на женската фигура без разлика на бројот на килограми. Прилега на повеќето дами, многу е удобен и ременот околу половината визуелно ја стеснува фигурата, а само многу ниските жени треба да избегнуваат ваков тип на фустани.
Максима го комплетираше со класични беж салонки и clutch чанта во иста боја, како и ефективни, висечки тиркизни обетки.
ФОТО: Инстаграм printscreen/Youtube printscreen